Речиси пет милиони луѓе ја напуштија Украина 50 дена од руската инвазија, пишува Укринформ повикувајќи се на Агенцијата за бегалци на ОН.
Новата статистика објавена од УНХЦР на 14 април покажува дека 4.736.471 Украинец ја напуштиле земјата поради војната, што покажува зголемување за 80.000 луѓе во споредба со претходните податоци.
Како што е наведено, 90 отсто од оние што побегнале се жени и деца бидејќи на мажите на воена возраст им е забрането да ја напуштат Украина.
На 5 април, ОН објавија дека 7,1 милиони луѓе биле раселени во земјата поради војната.
Полска, која прими приближно 2,69 милиони бегалци, беше главна дестинација за оние што ја минуваат границата, а по неа е Романија со околу 716.700 луѓе кои дојдоа на нејзина територија.
Претходно, високиот комесар на ОН за бегалци Филипо Гранди го нарече бранот бегалци од Украина „најбрзо растечката бегалска криза во Европа од Втората светска војна“.
подготвил Д.Мишев