Две години бомбардирања и борби предизвикаа катастрофална пустош низ Појасот Газа – повеќе од 64.000 деца се наводно убиени и повредени, а домови, болници и училишта се уништени. Бројот на жртви кај децата е неоспорен.
Во делови од Појасот Газа е прогласен глад, а целото население на деца под пет години во Газа е во опасност од акутна неухранетост и има итна потреба од поддршка. Повеќе од 56.000 деца го загубиле едниот или двајцата родители. Сите деца доживеале трауматски настани и значителни прекини во нивното образование.
УНИЦЕФ го поздравува прекинот на огнот, кој сега мора да им даде можност на хуманитарните актери безбедно да продолжат во голем обем со масовниот одговор што им е толку очајно потребен на децата од Газа.












































