• Latest

Урбанович: Разнесувањето на Каховската брана е крволочен чин со кој руските агресори уште еднаш докажаа дека нивна цел е уништување на сѐ што е Украина и украинско

June 19, 2023
Фото: Глобус

Како е поврзан министерот Трипуновски со корупцискиот скандал во кој е осомничена негова блиска соработничка

November 16, 2025

Трајниот геноцид на кремљовскиот режим

November 16, 2025
Проф. д-р Оливер Андонов (фото: А. Мехмети/ЦИВИЛ)

Повикување во живот

November 16, 2025
Фото: Wikimedia commons

Велика Британија испраќа војници во Босна: Јасна мисија и силен сигнал до Балканот

November 16, 2025
„Марш за ангелите“, Скопје 15 ноември 2025
Фото: Ј. Ѓорѓиоски

Маршот за ангелите го разбуди Скопје – „Правда сега, без одлагање“

November 15, 2025

СПЕЦИЈАЛЕН ИЗВЕШТАЈ НА ЦИВИЛ ( дел 1): Стратешка слика и начинот на функционирање на екосистемот – актери и канали

November 15, 2025
Фото: Твитер

Започнува масовното производство на украинските беспилотни летала-пресретнувачи „Октопус“

November 15, 2025
Фотоколаж: Скриншот од time.mk и видео на baku.tv

Репетитивното објавување на изјавите на Песков – императив на некои македонски медиуми

November 15, 2025
Last Crude Oil Tanker at Shell Haven - geograph.org.uk - 605835.jpg Фото: wikimеdia commons

Ројтерс: Иран потврди дека е запленет танкер со петрохемиски товар

November 15, 2025
Фото: Скриншот од видео на ВВС

Американската војска планира поделена Газа со „зелена зона“ обезбедена од меѓународни и израелски трупи

November 15, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ФОРУМ ИНТЕРВЈУ

Урбанович: Разнесувањето на Каховската брана е крволочен чин со кој руските агресори уште еднаш докажаа дека нивна цел е уништување на сѐ што е Украина и украинско

June 19, 2023 12:21
in ВОЈНА ВО УКРАИНА, ИНТЕРВЈУ, ТОП 5
Share on FacebookShare on Twitter

Со Олександр Урбанович, претседател на Здружението на Украинци во Република Северна Македонија „Лесја Украинка“, разговаравме  во врска со уривањето на браната кај Каховската хидроелектрана од страна на руските окупатори.

ЦИВИЛ МЕДИА: Која е целта на уривањето на браната на ХЕЦ Каховка? Кои се последиците од овој напад на критичната инфраструктура?

УРБАНОВИЧ: Русија е држава-терорист која е целосно одговорна за разнесувањето на браната на ХЕЦ Каховка. Несомнено е дека намерното разнесување на браната го извршија руските окупатори за да создадат еколошка катастрофа и да ја усложнат деокупацијата на украинските територии. Нејзиното разнесување на 6 јуни 2023 година е уште едно злосторство без преседан на русија против Украина, кое ќе има катастрофални последици за населението не само на јужниот регион на земјата, туку и на другите земји. Сепак, зборуваме за еколошки и економски последици, голема закана за радијационата и прехранбената безбедност.

Заклучно со денес целосно или делумно се поплавени следните населени места: Тјагинка, Љвово, Одрадокамјанка од Бериславскиот реон, Иванивка, Микиљске Токаривка, Поњативка, Билозерка, микрореонот Острив во градот Херсон, Херсонска област.

Каховската водна акумулација, на којашто е изградена браната, сочинуваше 18 милиони кубни вода. Уривањето на браната предизвика огромни поплави во градовите и селата низводно од Днипро, предизвикувајќи многубројни човечки жртви. Поради поплавите, според процената на ОН, околу 700 илјади лица останаа без пристап до вода за пиење.

Разнесувањето на браната ќе го лиши или драстично ќе го влоши снабдувањето со вода за пиење на Крим, Херсонската област и сериозно ќе ја усложни ситуацијата во Днипропетровската и Запорижската област.

ЦИВИЛ МЕДИА: Дали е можно враќање на животот во овој регион?

УРБАНОВИЧ: Околу 80 населени места се поплавени, некои од нив целосно и не можат да бидат обновени. Бранови високи и до 4,5 м не оставиле никакви шанси за спасување, ни на луѓе, ни на добиток. Водата однесе во морето цели куќи. Уништени железнички пруги и авто-патишта. Заедно со вода од поплавеното земјиште, каде претходно биле поставени руски одбранбени линии, се повлекле мини и друга воена муниција, која се движи низ целата територија на разлевање на водата се до Црното море и претставува смртоносна опасност.

Со уривање на браната, исто така, се намалува ниво на езеро коешто атомска централа Запорожје го користи за ладење на реакторите, и што повторно става ситуација околу атомска централа на раб на катастрофа од светски димензии.

Разнесувањето на браната ја остави Каховската акумулација без вода, предизвикувајќи огромна штета, угинување на водниот свет, а исто така се уништија илјадници хектари најплодно земјиште, коешто ја хранеше не само Украина, но и многу други земји. И после повлекувањето на водата од поплавите, отсуство на водата во Каховската акумулација ќе оневозможи користење на земјиште и неговото наводнување, ќе претвори најдобри почви во пустелија.

ЦИВИЛ МЕДИА: Дали подрачјата погодени од оваа катастрофа добиваат некаква помош? Дали е обезбеден пристап до регионот?

УРБАНОВИЧ: Руските окупатори, коишто контролираат дел од поплавените населени места, не дозволуваат таму пристап на меѓународни организации до цивилно население и го оставаат без каква било помош.

Уривање на брана од такви димензии може да се спореди и со употреба на оружје за масовно уништување како што тактичко нуклеарно оружје. Затоа, ние решително го осудуваме овој терористички и варварски чин и бараме светот да не стои настрана од овој невиден до сега екоцид!  Повикуваме меѓународна заедница да се заложи што побрзо виновните да бидат казнети и да одговараат за стореното. Ова невидено воено злосторство – напад на објект од критична инфраструктура  треба да се разгледува во Меѓународниот суд!

ЦИВИЛ МЕДИА: Која е вашата порака до меѓународната и македонската јавност?

УРБАНОВИЧ: Руските окупатори со таков гнасен и крволочен чин уште еднаш докажаа дека нивната цел не е во „ослободување“, туку во уништување на сѐ што е Украина и украинско!

Но сакаме да увериме дека и такви нечовечки потези на непријателот нема да го обесхрабрат украинскиот народ и нема да го спречат во ослободување на својата земја!

Исто така, ги повикуваме македонските власти да ја осудат бруталната руска агресија и овој чин на геноцид врз украинскиот народ, како и да ја разгледаат можноста за обезбедување на техничка и хуманитарна помош на бројните населени места погодени од рускиот тероризам.

ЦИВИЛ Медиа 

Tags: Здружението на Украинци во Република Северна Македонија „Лесја Украинка“Олександр Урбановичруска агресија врз УкраинаХЕЦ Каховка
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Скриншот од видео на ДИК

    Локалните избори 2025 се официјално и конечно завршени, објави ДИК

    307 shares
    Share 123 Tweet 77
  • „Ние сме далеку пред Албанија“ – Зошто оваа изјава на премиерот Мицкоски е важна за европската приказна на Северна Македонија

    122 shares
    Share 49 Tweet 31
  • Богати странци плаќале по 80.000 фунти за „сафари викенд“ за да убиваат цивили за време на опсадата на Сараево

    103 shares
    Share 41 Tweet 26
  • Изгледа гатачката на Грујо ја вратиле во Царина, Мицкоски почна да споделува вести од иднината

    114 shares
    Share 46 Tweet 29
  • Вицепремиерот Стоиљковиќ со нервозна реакција на новинарско прашање од ЦИВИЛ – тенденциозна и потпалувачка порака на социјалните мрежи

    98 shares
    Share 39 Tweet 25
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ