• Latest

Уште една недела за пријавување на натпреварот на граѓански новинари

February 29, 2016

24 ЧАСА: „Гасни комори и смрт“ за Албанците на спортски натпревар; Мицкоски, Тошковски, Стоилковиќ, Димитревски без одговор на прашањата на ЦИВИЛ; Таравари бара национализмот да биде осуден и изгаснат

August 4, 2025
Графити во Маџари, снимени на 5 септември 2024 (фото: ЦИВИЛ)

Дијагноза: Колективно воспитана омраза – „Смрт, гасни комори за Шиптарите“

August 4, 2025
Скриншот од видео кое наводно го прикажува погледот од авион што слетува на аеродромот во Сочи на 3 август Shaun Pinner/X

Украинците потврдија успешен напад со дронови врз складиште за гориво на рускиот аеродром во Сочи

August 4, 2025

Мицкоски, Тошковски, Стоилковиќ и Димитриевски без одговор на прашањата на ЦИВИЛ за националистичките скандирања во Куманово

August 4, 2025
Фотографија: ВИ

Во пресрет на локалните избори 2025: ДКСК без претседател, Собранието на одмор

August 4, 2025
Фото: Скриншот од видео објавено од Володимир Зеленски на Фејсбук

(ВИДЕО) Русија лови цивили: Зеленски споделува снимки од градовите на линија на фронтот

August 4, 2025
Порака за блокирање на веб-страница. Фото: LSM+

Латвија блокираше 10 веб-страници што шират руска пропаганда

August 4, 2025

(ИЗБОР) Албански медиуми: ОБСЕ нуди препораки за Кривичниот законик во Албанија; Спиропали и Османи со остри осуди за антиалбанските скандирања во Куманово

August 4, 2025
Фото: Скриншот од видео на WION

Најмалку 68 мигранти загинаа при превртување на брод кај Јемен

August 4, 2025

Министрите ќе ја извршуваат функцијата и додека се тркаат за градоначалник

August 4, 2025
CivilMedia
No Result
View All Result
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Уште една недела за пријавување на натпреварот на граѓански новинари

February 29, 2016 15:17
in ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

ЦИВИЛ – Центар за слобода ги повикува граѓанските новинари да аплицираат за февруарскиот циклус на натпреварот „Биди граѓански новинар“, најдоцна до 6-ти март (недела) за најуспешни видео-снимки и фотографии, за сите видови кршења на човекови права, злоупотреби и притисоци во изборен контекст.

Видео, аудио и фото записи, како и текстови за закани, уцени, политичка корупција, поткуп на гласачкото тело, кршење на гласачкото право, злоупотреба на јавните ресурси и администрација…, се теми кои сегашните и идните граѓански новинари можат да ги споделат со јавноста преку проектот „Граѓански објектив“ на ЦИВИЛ, а притоа ќе добијат можност и да бидат наградени. За пристап до ФОРМУЛАР ЗА УЧЕСТВО кликнете ТУКА.

Секој што има паметен телефон, фотоапарат или камера од каков и да е вид, може да биде граѓански новинар и да се вклучи во нашиот и вашиот проект. Ве охрабруваме да земете активно учество како граѓани и граѓанки кои преку истражување, медумски активности и активизам ќе дадат свој придонес за развојот на граѓанското новинарство.

Задолжително е материјалите кои ќе ги испраќате да бидат придружени со детален опис на времето, местото, текот на настанот и учесниците во самиот настан. Авторите, како и лицата кои се вклучени во прилозите може да останат анонимни зависно од договорот со авторите и од законската регулатива за овој вид продукција и издаваштво.

Секој месец, петте најуспешни трудови ќе бидат наградувани со вредносни ваучери за набавка на фото,видео, компјутерска и телефонска опрема. Највисоката награда на месечно ниво е 110 долари.

Рокот за прибирање на трудови од граѓанските новинари е до 06 март. Наградите ќе бидат доделени кон средината на март 2016 година.

Општа цел на проектот „Граѓански објектив“ е да се зајакне јавната свест за политичките процеси во контекст на престојните избори, да се алармира домашната и меѓународната јавност за измамничките практики во изборните процеси и да се идентификуваат случаите на кршење на гласачкото право.

ЦИВИЛ веќе додели пет награди за јануарскиот циклус на “Биди граѓански новинар”. Церемонијата на доделување на награди се одржа во хотел Сити Парк каде излагање имаа претседателот на ЦИВИЛ, Џабир Дерала,  како и наградените граѓани и граѓанки.

Проектот е поддржан од фондацијата National Endowment for Democracy.

 

Print Friendly, PDF & Email
Tags: Биди граѓански новинарнаградинатпреварЦивил – Центар за слобода
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

    CIVIL MEDIA NEWSLETTER

    Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

    CivilMedia

    СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

    Следете нè

    No Result
    View All Result