• Latest

Уште една жртва во „Градот на солидарноста“

February 9, 2018

24 ЧАСА: „Гасни комори и смрт“ за Албанците на спортски натпревар; Мицкоски, Тошковски, Стоилковиќ, Димитревски без одговор на прашањата на ЦИВИЛ; Таравари бара национализмот да биде осуден и изгаснат

August 4, 2025
Графити во Маџари, снимени на 5 септември 2024 (фото: ЦИВИЛ)

Дијагноза: Колективно воспитана омраза – „Смрт, гасни комори за Шиптарите“

August 4, 2025
Скриншот од видео кое наводно го прикажува погледот од авион што слетува на аеродромот во Сочи на 3 август Shaun Pinner/X

Украинците потврдија успешен напад со дронови врз складиште за гориво на рускиот аеродром во Сочи

August 4, 2025

Мицкоски, Тошковски, Стоилковиќ и Димитриевски без одговор на прашањата на ЦИВИЛ за националистичките скандирања во Куманово

August 4, 2025
Фотографија: ВИ

Во пресрет на локалните избори 2025: ДКСК без претседател, Собранието на одмор

August 4, 2025
Фото: Скриншот од видео објавено од Володимир Зеленски на Фејсбук

(ВИДЕО) Русија лови цивили: Зеленски споделува снимки од градовите на линија на фронтот

August 4, 2025
Порака за блокирање на веб-страница. Фото: LSM+

Латвија блокираше 10 веб-страници што шират руска пропаганда

August 4, 2025

(ИЗБОР) Албански медиуми: ОБСЕ нуди препораки за Кривичниот законик во Албанија; Спиропали и Османи со остри осуди за антиалбанските скандирања во Куманово

August 4, 2025
Фото: Скриншот од видео на WION

Најмалку 68 мигранти загинаа при превртување на брод кај Јемен

August 4, 2025

Министрите ќе ја извршуваат функцијата и додека се тркаат за градоначалник

August 4, 2025
CivilMedia
No Result
View All Result
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ВЕСТИ

Уште една жртва во „Градот на солидарноста“

February 9, 2018 11:31
in ВЕСТИ, ОПШТЕСТВО
Share on FacebookShare on Twitter

Маж на возраст од околу 50 години утрово е пронајден мртов на плочникот кај месарниците пред Зелено пазарче во Скопје. Случајот во полиција е пријавен утринава и најверојатно станува збор за бездомник кој секојдневно се движел во околина на пазарот. На местото на настанот увид изврши полицијата, а од страна на лекар е констатирана смрт, јавува МИА.

Пред неколку дена ЦИВИЛ Медиа објави прилог на граѓански новинар дека на крстосницата кај „Мавровка“, се качија во автобусот на ЈСП неколку полицајци и специјалци за да легитимираат едно бездомно лице, и откако се уверија дека не е криминалец, решија само да го симнат од автобусот и да го пуштат да си оди. Дома, на улица?

Јавна тајна е дека бездомните и сиромашни лица ги користат (или поточно ги користеле) јавните превози, обложувалници, трговски центри, автобуски станици за да се стоплат. Таа „привилегија“ за жал повеќе ја немаат, бидејќи обезбедувањето на објектите не ги пуштаат да влезат, оти така им наредиле газдите.

Човечноста во луѓето одамна изумре… Во општество како нашето стана дури и нормално да има вакви немили и нехумани настани.

Едно ќебе, перница, стар јорган и неколку картони распослани пред деловен објект кој се издава, е живеалиштето на 57-годишниот битолчанец Б.К. , кој скоро две години своето секојдневие го поминува во населбата Карпош, а преживува само од милостината на случајните минувачи и неколкуте пријатели кои му даваат храна. 

„Од Центарот за социјални работи ме одредија сега во бараките на Црвен крст, каде наутро доаѓаат во 8 часот и заклучуваат, па отвораат навечер во 19 часот, а во меѓувреме јас немам каде да одам. Еве почна да врне снег, ми студи и мене, може ќе паднам болен, а тие клуч од бараката не ми даваат. Овде каде што сум, ме врне и ми студи, а немам каде да одам. Пред неколку денови еден човек ме однесе во бараки кои му припаѓале на „Гранит“. Таму ми беше добро и поминав две ноќи, но дојде еден човек кој се претстави како управник, викна полиција, со мене се однесуваа како да продавам оружје и ме избркаа и од таму. Сега сум без ништо“, вели Б.К, за ЦИВИЛ Медиа.

Активистите од „Легис“ покренаа акција преку ноќни посети на бездомниците, што од различни причини не се сместени во дневниот прифатен центар, барем малку да ги стоплат на овие ниски температури со чај и супа. Тие ги повикуваат сите граѓанки и граѓани да ги известат доколку имаат информација за локации каде се забележани бездомници, да донираат чај, термоси и супи.

На крај, наместо специјалци, со бездомните и сиромашни лица нека се позанимаваат надлежните институции и конечно нека најдат решение за нивните проблеми, инаку ќе мора да им наоѓаат гробни парцели.

Дехран Муратов

Print Friendly, PDF & Email
Tags: бездомникполицијапочинатрешение
Share96Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

    CIVIL MEDIA NEWSLETTER

    Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

    CivilMedia

    СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

    Следете нè

    No Result
    View All Result