Во рамки на случајот „Рекет“ се отвора нова истрага која се однесува на Меѓународниот сојуз на Бојан Јовановски – Боки 13. Осомничени се нови четири лица за перење пари и помагање, најави денеска републичкиот обвинител Љубомир Јовески.
Од обвинителството најавуваат наскоро и официјално соопштение за новата истрага во „Рекет“ и за тоа дали и какви мерки ќе се бараат.