ДРАГАН МИШЕВ
Уште е време комитско. Во предвечерјето на Илинденскиот марш, на комитата одговорен за возниот парк непознати сторители му ги украле коњите, откако овој заспал на должност. Толку цврсто спиел, што коњокрадците успеале коњите да ги натоварат на возило и да си заминат.
За среќа, истите биле пронајдени како мирно пасат во парк во Кавадарци, со што паднаа во вода шпекулациите дека коњите ги украл минатогодишниот комита во обид, другарот Вардарски, од завист дека оваа година нема да може да јава со комитската коњица. Истиот, не можејќи да поднесе што не е дел од овогодинешниот спектакуларен настан, според извори запознаени со душевната траума што ја чувствува несудениот коњаник, тој тргнал јужно по Вардар и стигнал до Паљури (не Паљурци) на Халкидики, соседна Грција, откако го згрешил патот во маглата, па наместо десно за Кукуш, свртел лево.
ЦЕЛИОТ ТЕКСТ МОЖЕТЕ ДА ГО ПРОЧИТАТЕ ТУКА