• Latest
Фотомонтажа: Д. Мишев / ЦивилМедиа

Републиката во пламен традиционално на Илинден

August 2, 2024
Economy - photos by Vecteezy

Разбиени илузии: Како конфликтите и вештачката интелигенција влијаат на светската економија – лето 2026

August 17, 2026

Живот и демократија… обнова под оган. Украина

August 17, 2026
Тимоти Снајдер (фото извор: Википедија)

Тимоти Снајдер: „Немаме избор“ е една од најопасните реченици во политиката

August 17, 2026

Крваво лето 2026: Преглед на воени жаришта и кризи

August 17, 2026
Филипче - Мицкоски (фото извор: Wikimedia Commons)

Од Бриж до Егејот: Политиката се дави во препукувања, јавноста останува без информации

August 16, 2026
Колаж од фотографии од јавно достапни архиви за војната во Македонија, 2001 година

Ахмети, Бучковски и Тачи со спротивставени сведоштва за 2001: Имало ли план за поделба на Македонија?

August 16, 2026

Voxeurop ја објави анализата на Џабир Дерала за цената на заробеното правосудство во Северна Македонија

August 16, 2026

Слободата е нашата религија: Ивана Климпуш-Цинцадзе, украинска пратеничка

August 15, 2026

На Путин му се допаѓа неговата најлоша опција во Украина

August 15, 2026
Марко Маневски (фото извор: Марколепсија, блог на авторот)

Народот не ја сака ЕУ, народот сака некој друг да му ја плати скарата

August 15, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home СЛОБОДНА ЗОНА

Републиката во пламен традиционално на Илинден

И додека некои се борат со огнената стихија, која не само што причинува непроценлива материјална и еколошка штета, туку, за жал, одзема и човечки животи,  некои се сликаат. Во разни пози, најчесто селфи, илити самослик. Додека Македонија гори, премиерот Христијан Мицкоски се слика.

August 2, 2024 18:17
in ПОЛИТИКА, СЛОБОДНА ЗОНА, ТОП 5
Фотомонтажа: Д. Мишев / ЦивилМедиа

Фотомонтажа: Д. Мишев / ЦивилМедиа

Share on FacebookShare on Twitter

ДРАГАН МИШЕВ

Долги години наназад, откако паметам, чествувањето на Илинден беше проследено со емитување на антологиското остварување на македонската филмографија, играниот филм „Републиката во пламен“на националната телевизија.

Традицијата продолжува и оваа година. Но, оваа година има и една нова, дополнителна содржина, која не го опфаќа само историскиот аспект. Оваа година републиката е и буквално во пламен.

И додека некои се борат со огнената стихија, која не само што причинува непроценлива материјална и еколошка штета, туку, за жал, одзема и човечки животи,  некои се сликаат. Во разни пози, најчесто селфи, илити самослик.

Додека Македонија гори, премиерот Христијан Мицкоски се слика. Тој на својот фејсбук профил, во стилот на највлијателните инфлуенсерки, со широка насмевка споделува селфи фотографија со свои обожавателки, откако неговите пратеници и оние од коалицијата која ја предводи одбија да изгласаат амандман кој ќе овозможи парично да бидат наградени пожарникарите, војниците и полицајците кои по цена на својот живот и здравје, голтајќи чад додека деноноќно се борат со огнената стихија за да може премиерот да си прави селфиња, покажувајќи ја својата колекција од хронометри по цена на пристојно противпожарно возило. Секако, на борците со стихијата по ваквата неправда не им падна на памет да се откажат од гаснењето пожари, како што тоа патриотски го најави министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска дека ќе си замине од позицијата министер ако и ги намалат функционерските 78% од плата,

Ерозијата на морал при „прославата“ (попрво би рекол сквернавењето) на Илинден дополнително може да се согледа и од бесрамното сликање со граѓание ( оние најверни поддржувачи кои смеат да се доближат до „светите“ владини функционер), додека не се пуштаат парите од скенираните сметки,а наместо тоа, поради укинатите субвенции пристигнуваат астрономски сметки за струја, најавеното покачување на плати годинава нема да има, а најверојатно и колективните договори ќе одат во аут, додека тивко и затскриено  секојдневно растат цените на производите во маркетите, со ребалансот на Буџетот се скратени средствата за здравството и студентите, за некако да се  подмитат пензионерите, но со двојно помало покачување на пензиите од ветеното пред избори, се крати и финансиската поддршка за домашните компании додека истовремено, владата на ВМРО -ДПМНЕ рабoти со полна пареа за олигарсите, најавувајќи дека ќе го разгледа барањето за укинување на неделата како неработен ден и планира да го намали данокот за најбогатите компании по средбата на Мицкоски со првиот човек на Спопанската комора кога безмалку премиерот на нашата земја не му седна в скут на Азески, откако овој го остави да виси со раката во воздух по невозвратениот поздрав.

Но затоа, задскриен зад толпата присутни членови и смпатизери, кои во екот на пожари го пречекаа лидерот со шпалир од запалени факели, и живиот ѕид од вмровски и коалициски функционери, минситри, заменици, секретари, директори, членови на управни одбори, во 25-минутниот говор на Мечкин камен, кој повеќе наликуваше на предизборен митинг, отколку на прослава на големиот македонски празник, во обид да се претстави себе си како човек кој одлучува во државата, наспроти видеото на кое е в о улога на слеп послушник на Азески, откако со пола уста повика на обединување, својата божемна сила ја покажа со жестоки напади врз опозицијата со веќе излитените и илјада пати повторуваните флоскули.

А дека уште е време комитско, се виде во предвечерјето на илинденскиот коњички марш, кога на комитата одговорен за возниот парк непознати сторители му ги украле коњите, откако овој заспал на должност. Толку цврсто спиел, што коњокрадците успеале коњите да ги натоварат на возило и да си заминат. За среќа, истите беа пронајдени како мирно пасат во парк во Кавадарци, со што паднаа во вода шпекулациите дека коњите ги украл минатогодишниот комита во обид, другарот Вардарски, од завист дека оваа година нема да може да јава со комитската коњица. Истиот, не можејќи да поднесе што не е дел од овогодинешниот спектакуларен настан, според извори запознаени со душевната траума што ја чувствува несудениот коњаник, тој тргнал јужно по Вардар и стигнал до Паљури (не Паљурци) во соседна Грција, откако го згрешил патот, па наместо десно за Кукуш, свртел лево.


Текстот е личен став на авторот
Tags: 2 АвгустИлинденПремиерот Христијан Мицкоски
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ