• Latest

Уште една во низата мистериозни „несреќи“ на путиновите сојузници, поранешниот шаховски првак Карпов е во кома

November 3, 2022
„Марш за ангелите“, Скопје 15 ноември 2025
Фото: Ј. Ѓорѓиоски

Маршот за ангелите го разбуди Скопје – „Правда сега, без одлагање“

November 15, 2025

СПЕЦИЈАЛЕН ИЗВЕШТАЈ НА ЦИВИЛ ( дел 1): Стратешка слика и начинот на функционирање на екосистемот – актери и канали

November 15, 2025
Фото: Твитер

Започнува масовното производство на украинските беспилотни летала-пресретнувачи „Октопус“

November 15, 2025
Фотоколаж: Скриншот од time.mk и видео на baku.tv

Репетитивното објавување на изјавите на Песков – императив на некои македонски медиуми

November 15, 2025
Last Crude Oil Tanker at Shell Haven - geograph.org.uk - 605835.jpg Фото: wikimеdia commons

Ројтерс: Иран потврди дека е запленет танкер со петрохемиски товар

November 15, 2025
Фото: Скриншот од видео на ВВС

Американската војска планира поделена Газа со „зелена зона“ обезбедена од меѓународни и израелски трупи

November 15, 2025

Град Скопје воведува нов режим за изнесување отпад: ноќна забрана и казни до 50 евра

November 15, 2025
Фото: Ј. Ѓорѓиоски. Фронтлајн

„Марш за ангелите“ денеска во 12:05 во Скопје

November 15, 2025
Креирано со помош на ВИ

Судството под меѓународна лупа – меѓу критики и политичка одбрана

November 15, 2025

Поранешниот министер за правда Кренар Лога се повлекува од партиските функции во АА

November 14, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home КОНФЛИКТИ ВОЈНА ВО УКРАИНА

Уште една во низата мистериозни „несреќи“ на путиновите сојузници, поранешниот шаховски првак Карпов е во кома

November 3, 2022 11:46
in ВЕСТИ, ВОЈНА ВО УКРАИНА, СВЕТ, ТОП 5
Share on FacebookShare on Twitter

Рускиот пратеник и поранешен шаховски светски првак, Анатолиј Карпов, кој повика на прекин на војната на Путин во Украина е во кома во болница откако претрпел сериозни повреди на главата, пренесува Дејли маил.

Се смета дека 71-годишниот Анатолиј Карпов, кој беше шаховски велемајстор во седумдесетите години од минатиот век пред да се сврти кон политиката, бил повреден во Москва во текот на ноќта во саботата,  според некои тврдењата по „претрпен пад“.

Тој сега е на одделението за неврологија во реномираниот институт Склифосовски и е ставен во медицински индуцирана кома, а сојузниците ја опишуваат неговата состојба како „сериозна“.
Карпов е познат како ултра лојалист на Путин, но повика на прекин на војната во Украина „за мирните луѓе да престанат да умираат“. Тој е само последниот член на руската елита што заврши мртов или сериозно повреден од почетокот на инвазијата.
Останува мистерија точно кога и како Карпов бил повреден.

Андреј Ковалев, шеф на Серуското движење на претприемачи, тврди дека Карпов бил нападнат и удрен преку глава додека ја напуштал зградата на московската Државна дума.

Ковалев рече дека политичарот се здобил со фрактура на вратот и повреди на главата кога непознати напаѓачи го удирале по главата и бил пронајден во несвест.

Но, Кирил Зангалис, портпарол на Руската шаховска федерација, рече дека извештаите за тепање се „лажни вести“. Ќерката на Карпов, Софија, исто така ги негираше тие тврдења.

Други извештаи сугерираат дека доживеал „домашен“ инцидент или имал „несреќен пад“. Се појавија и тврдења  дека во тоа време бил пијан.

Се смета дека нападот се случил доцна во саботата или рано во неделата, иако извештаите почнаа да се појавуваат дури во понеделникот.

Додека Карпов се смета за ултра лојалист и поддржувач на инвазијата на Путин на Украина, тој исто така јавно повика на прекин на војната.

Тој изјави за еден ТВ канал во Казахстан: „Посакувам [војната] да заврши порано, за мирните луѓе да престанат да умираат“.

„На крајот обичните луѓе се жртви. Обичните луѓе се борат, политичарите и генералите одлучуваат, а обичните луѓе се борат, цивилите гинат.“ додаде Карпов.

„Не зборувам ни за војници и офицери. Не, воопшто не можев да замислам дека Русите и Украинците ќе војуваат. Имам многу пријатели во Украина.’

Неговата искрена молба за „крај на војната“ дојде во април во интервју со Арманџан Бајтасов, бизнисмен кој го издава Форбс Казахстан.

Карпов е само последниот во долгата низа мистериозни случаи на врвни сојузници кои доживеаја несреќа (најчесто со смртни последици), по одлуката на Путин да ја нападне Украина. Од почетокот на руската инвазија врз Украина, десеттина членови на руската елита на извршни директори, блиски соработници на Путин, умиреа ненадејно, под мистериозни околности.

Последниот што умре е Николај Петрунин (47), наречен „Чудесниот човек на гас“, кој наводно починал од компликации од Ковид во средината на октомври, откако бил во кома еден месец. Неговите бизниси изградија гасоводи за големите руски енергетски оператори и тој имаше врски со гасниот бегемот на Кремљ Газпром – кој сега го изгладнува Западот од руските резерви поради војната – и Роснефт.

Предходно, Павел Пчелников (52), ПР-менаџер за Руски железници, беше пронајден застрелан во неговиот дом во разлистата населба Коломенскаја Ембанкмент на 28 септември.

Владимир Николаевич Сунгоркин (68), уште еден главен сојузник на рускиот претседател Владимир Путин, кој почина под мистериозни околности, овој пат од наводен „мозочен удар“ додека бил на службено патување во селото Рошчино во далечниот источен регион на Русија, е  главен уредник на рускиот државен весник „Комсомолскаја Правда“. Според весникот, Сунгоркин починал „ненадејно“ откако покажал знаци на „гушење“ за време на патувањето во средата.

Иван Печорин

Неодамна, Иван Печорин, директор за авијација на руската корпорација за развој на Далечниот Исток и Арктикот, беше пријавен мртов откако наводно „паднал од брод“ во Владивосток, според локалните руски медиуми.

Равил Маганов

Смртта на Равил Маганов, претседател на рускиот нафтен гигант Лукоил, во болница во Москва е осми случај оваа година кога руски директор за енергетика почина ненадејно и под невообичаени околности,

Леонид Шулман

Кон крајот на јануари, Леонид Шулман, главен извршен директор на рускиот гигант за природен гас Гаспром, беше пронајден мртов во бањата на куќа во селото Ленински. Руската медиумска групација РБЦ ја објави неговата смрт, но не наведе причина.

Александар Тјулаков

На 25 февруари, друг директор на Газпром, Александар Тјулаков, беше пронајден мртов во истото село како Шулман, овој пат во гаража. Според рускиот медиум Новаја Газета, истражителите пронашле белешка во близина на телото на Тјулаков.

Михаил Ватфорд

На 28 февруари, три дена по смртта на Тјулаков, рускиот милијардер со нафта и гас кој живее во Англија, Михаил Ватфорд, беше пронајден обесен во гаражата на неговиот селски имот. Во тоа време, истражителите наводно рекле дека смртта на Ватфорд била „необјаснета“, но не изгледала сомнително.

Владислав Аваев

На 18 април, поранешниот потпретседател на Гаспромбанк, Владислав Аваев, беше пронајден мртов во неговиот стан во Москва, заедно со сопругата и ќерката, кои исто така починаа. Властите го третираа случајот како убиство-самоубиство, објави тогаш Радио Слободна Европа. Газпромбанк е трета по големина банка во Русија и има блиски врски со енергетскиот сектор. Оваа теорија преживеаниот син на Аваев јавно ја отфрли.

Сергеј Протосења

На 19 април, Сергеј Протосења, поранешен заменик-претседател на Новатек, најголемиот руски производител на течен природен гас, беше пронајден мртов во викендица во Шпанија. Како Аваев во Москва, Протосења беше пронајден со сопругата и ќерката, кои исто така беа починати. И како Аваев, полицијата што го истражува местото на настанот рече дека верува дека се работи за убиство-самоубиство.

Александар Суботин

Во мај, телото на милијардерот и поранешен извршен директор на Лукоил Александар Суботин беше откриено во подрумот на селска куќа во московскиот регион. Собата во која почина Суботин наводно била користена за „јамајкански вуду ритуали“, објави рускиот државен медиум ТАСС, цитирајќи ги локалните власти.

Јуриј Воронов

Во јули, Јуриј Воронов, основач и извршен директор на бродски изведувач што ги сервисира проектите на Гаспром на Арктикот, беше пронајден мртов од очигледна прострелна рана во базен во неговиот дом во Ленински, истата елитна заедница од Санкт Петербург каде што порано истата година загинаа Шулман и Тјулаков.

 

Подготви: Д. Мишев

Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Скриншот од видео на ДИК

    Локалните избори 2025 се официјално и конечно завршени, објави ДИК

    307 shares
    Share 123 Tweet 77
  • „Ние сме далеку пред Албанија“ – Зошто оваа изјава на премиерот Мицкоски е важна за европската приказна на Северна Македонија

    122 shares
    Share 49 Tweet 31
  • Богати странци плаќале по 80.000 фунти за „сафари викенд“ за да убиваат цивили за време на опсадата на Сараево

    102 shares
    Share 41 Tweet 26
  • Изгледа гатачката на Грујо ја вратиле во Царина, Мицкоски почна да споделува вести од иднината

    114 shares
    Share 46 Tweet 29
  • Локалните избори во Косово Избори без апсолутен победник, но со пораки за партиите

    97 shares
    Share 39 Tweet 24
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ