Група од 16 граѓани на Авганистан, за кои во изминатиот период Северна Македонија обезбеди привремен престој, изутрината со лет преку Истанбул, замина за Канада, која им обезбеди престој на вработени, соработници и членови на нивни семејства, на меѓународната организација „Отворено владино партнерство“ (Open Government Partnership – OGP), соопштија на денешната прес-конференција портпаролите на Владата, Душко Арсовски и Муамет Хоџа.
Од земјава досега си заминаа 178 граѓани на Авганистан на кои им беше овозможен привремен престој во нашата замја додека не безбедат услови за траен престој во други држави низ светот, додаде владиниот портпарол, Во моментов во земјава престојуваат 542 авганистански граѓани на кои.












