Ракета со капсула наменета за човечки екипаж вчера беше лансирана на пробен лет до Меѓународната вселенска станица (ИСС).
Ракетата „Falcon 9“ и вселенската капсула „SpaceX Crew Dragon “ беа лансирани по полноќ, од вселенскиот центар Кенеди на НАСА на Флорида, а капсулата без екипаж денеска треба да стигне до ИСС.
„Денешното успешно лансирање го означува новото поглавје во американската извонредност, приближувајќи се повторно до летање американски астронаути на американски ракети од американска почва. Со гордост им честитам на тимовите SpaceX и НАСА за оваа голема пресвртница во вселенската историја на нашата нација. Овој прв лансирање на вселенскиот систем наменет за луѓето, а кој е изграден и управуван од комерцијална компанија преку јавно-приватно партнерство, е револуционерен чекор на нашиот пат да ги привлече луѓето до Месечината, Марс и пошироко“, рече администраторот на НАСА, Џим Бриденстин.
Програмата ја демонстрира посветеноста на НАСА да инвестира во комерцијални компании преку јавни приватни партнерства и се базира на успехот на американските компании, вклучувајќи го и SpaceX, кој веќе испорачува товар до вселенската станица.
Целта на оваа програма е ставање крај на зависноста на американската вселенска програма од Русија за летови на ИСС.
А. П.
фотографија: NASA