• Latest
Фото/ Општина Центар

Уставен суд ги укина ДУП-овите за „Плацевите на Водно“, но што потоа?

February 22, 2023
Злосторникот и соучесниците

Смртта на Ратко Младиќ: Крај за еден воен злосторник, но не и за негирањето на вистината

August 28, 2026
Војо Маневски (фото: ЦИВИЛ)

Статистиката не е економска политика, гласање ќе има, ама ќе нема избирање

August 28, 2026

ГРАЃАНСКИ ФОРУМ: Ние прашуваме, тие бегаат од одговори – која е вашата порака до политичарите денеска?

August 28, 2026
Преземено од Unsplash

Компанијата Мета се спогоди за скоро 18 милијарди долари по тужбите дека ги „заробувала“ децата на социјалните мрежи

August 27, 2026
Фотографија: Википедиа

Дрон со експлозив меѓу лежалки и чадори: војната во Украина сè поблиску до романското крајбрежје

August 27, 2026
Украина, Сумска област, 27 август 2026 (фото извор: ДСНС)

Ден 1646, руски терор врз цивилите во Украина: Нападнати Кијив и Одеса – оштетени училишта, здравствена установа и станбени објекти

August 27, 2026
Скриншот од видео на Би-би-си

Катастрофални поплави на Хималаите: најмалку 165 загинати, речиси 1.500 исчезнати

August 27, 2026

ВЛЕН и ДУИ: Кој е заслужен за неизградбата на автопатот Скопје – Блаце?

August 26, 2026

Мицкоски коленичи пред Трамп, а Северна Македонија ја нуди како коцкарски жетон

August 26, 2026

Податочни центри во Северна Македонија: Помеѓу технолошката неопходност, локалните реалности и зелените стратегии

August 26, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Уставен суд ги укина ДУП-овите за „Плацевите на Водно“, но што потоа?

February 22, 2023 12:45
in ВЕСТИ, ПОЛИТИКА, ТОП 5
Фото/ Општина Центар

Фото/ Општина Центар

Share on FacebookShare on Twitter

Уставниот суд со укинувањето на мораториумиот за градби во Општина Центар, создала општ хаос во општината, бидејќи не е важечки и оној од 2014 година, практично тој дел од општината сега е без детален план.

Со овој ДУП Ј07 се опфатени локалитетите Капиштец, Завод за медицинска рехабилитација, Старо Водно, Долно Водно, Мало Курило, Цвеќара, со што тој дел од општината сега е без детален план.

Градоначалникот Горан Герасимовски за ЦИВИЛ Медиа изјави дека веќе започнале консултативни средби со сите засегнати страни и институции за да видат што понатаму. Воедно, оствариле средба и со претседателот на парламентот за да побараме толкување. Освен тоа, со Министерството за транспорт и врски се подготвуваат и официјално да достават до Парламентот за тоа како да се толкува одлуката на Уставниот суд, бидејќи, како што вели Герасимовски, не знаат на кој член од законот да се повикаат.

Герасимовски во теливизиско гостување изјави дека со оваа одлука на Уставниот суд се отворил голем проблем за Општина Центар.

-Ова е најголем ДУП можеби и во државава. За сега не можеме да постапуваме се додека не добиеме одговор околу толкувањето. Има пристигнато голем број на предмети. Инвеститорите зеле кредит, направиле идејно решение, а не можат ништо да реализираат – истакна Герасимовски.

Од Уставниот суд претходно посочија дека оние граѓани и инвеститори што досега успеале да ги обезбедат сите потребни документи од Општина Центар и почнале или завршиле со градежните активности на наведените локации, меѓу кои се и атрактивните парцели на Водно, не се засегнати од оваа одлука бидејќи станува збор за укинување, а не за поништување на Деталниот урбанистички план. Од друга страна, пак, оние инвеститори што имаат интереси во оваа градска четврт и купиле плацови со намера да градат, но досега не ја обезбедиле потребната документација од Општината, согласно оваа одлука на Уставниот суд, нема да можат да го направат тоа кога одлуката на Судот ќе стапи во сила, односно со нејзино објавување во „Службен весник“

По осум години, актуелниот состав на Уставен одлучи да поведе постапка и на 25.01.2023 година ја укина Одлуката со која на 18 јули 2014-та година Советот на Општина Центар го донесе Детален урбанистички план Градска четврт Ј 07 со локалитети Капиштец, Завод за медицинска рехабилитација, Старо Водно, Долно Водно, Мало Курило, Цвеќара, а дел од овој ДУП  во јавноста е познат и како „Плацовите на Водно“, во кој поранешниот премиер Никола Груевски беше првостепено осуден во отсуство на седум години затвор поради перење пари и противправно стекнување имот.

Покрај него, затворски казни добија и неколкумина други, меѓу кои и неговиот поранешен кум Ристо Новачевски и ексдиректорот на поранешната Управа за безбедност и контраразузнавање Сашо Мијалков.

Инаку, носењето на сега веќе укинатиот ДУП беше едно подраматичните поглавја во работата на Советот на Општина Центар откако СДСМ на локалните избори во 2013 година, по неколку прегласувања, ја презеде власта во Центар, а Андреј Жерновски стана нејзин градоначалник.

Тесното мнозинство во Советот од 12 советници на СДСМ наспроти 11 на ВМРО-ДПМНЕ првично го спречуваше носењето на урбанистичките решенија, потсетува „Призма“, но откако претседателот на Советот Мирослав Шиповиќ беше уапсен, па пуштен во 2014 година, неговото однесување се смени. Додека другите советници од СДСМ не учествуваа на расправата за овој и за други ДУП, тој присуствуваше и гласаше против. Со тоа обезбедуваше мнозинство за Советот да може да работи, а резултатот од 11 гласа наспроти 1 беше толкуван како одлука за усвојување на планот.

Инаку, ДУП Ј07 подолго време е актуелен во јавноста поради обидите за градежен упад во шумата на Водно, за кои јавноста слушна и во „бомбите” на СДСМ.

Актуелниот градоначалникот на Општина Центар, Горан Герасимовски, во јуни годинава соопшти дека се стопираат сите градежни дејствија за овој план, кој ги опфаќа и атрактивните парцели на Водно до кои нема пристапен пат, а за кои жителите од тој дел на населбата долго време реагираат на обиди за градежен упад во шумата.

Н. А.

Tags: ДУПопштина центарУставен суд
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ