• Latest

Уставниот суд ја отфрли иницијативата за поништување на Статутот и Програмата на клубот „Иван Михајлов“

June 14, 2023

Уф, како се чувствувам безбедно!

June 27, 2026

Отчет низ розови очила: Статистиката на Тошковски наспроти реалната (не)безбедност и партизацијата на МВР

June 27, 2026

Денот на знамето на Кримските Татари: Кек бајрак, симбол на достоинство, отпор и слобода

June 26, 2026

Претседателска катарза

June 26, 2026
Конференцијата за обнова на Украина, 26 јуни 2026

Украина и во војна се обновува: На конференцијата во Гдањск се очекуваат договори од над 10 милијарди евра, Русија продолжува со напади врз цивилни цели

June 25, 2026
Вилен Темерјанов и знамињата на Кримските Татари и Украина

Вилен Темерјанов: Знаме на достоинството, глас што рускиот окупатор не успеа да го замолчи

June 25, 2026

Извештај на ДЗР: Се бележи раст на приходите, но и сериозни слабости во управувањето на АД МЕПСО

June 25, 2026

Спин по мерка на власта – aвтомобили горат, јавноста на скијање

June 25, 2026

Нашминкан отчет за раскантан систем: Што навистина кријат бројките на министерката Јаневска?

June 25, 2026

Случајот Јанушев: Државната комисија за спречување на корупцијата го проширува предметот за генералниот секретар на Владата

June 25, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ПРАВДА

Уставниот суд ја отфрли иницијативата за поништување на Статутот и Програмата на клубот „Иван Михајлов“

June 14, 2023 15:05
in ВЕСТИ, ПРАВДА
Share on FacebookShare on Twitter

Уставниот суд денеска ја отфрли иницијативата со која се бараше поништување на Статутот и на Програмата на Здружението „Културен Центар Иван Михајлов – Битола“.

-По утврдената фактичка состојба произлезе дека Здружението „Културен Центар Иван Михајлов Битола” е избришано од единствената база на податоци на Централниот регистар, односно не постои како правен субјект. Согласно овие информации Уставниот суд воочи процесни пречки за да одлучува по иницијативата и со тоа исполнети се условите од членот 28 алинеја 3 од Деловникот на Уставниот суд, за да ја отфрли иницијативата, информираше портпаролката на Уставниот суд, Христина Беловска.

Подносителот на иницијативата, политичката партија Левица бараше поништување на актите со наводи дека оспорените Статут и Програма се спротивни на членот 20 став 2 од Уставот, затоа што според него се насочени кон разгорување на национална или верска омраза или нетреливост.

– Во иницијативата е наведено дека дејствувањето на Здружението е насочено кон уривање на уставниот поредок на Републиката и разгорување на национална омраза и нетрпеливост, појасни Беловска пред новинарите.

Предметот по оваа иницијатива е оформен кон крајот на минатата година.

Беловска соопшти дека оформен е предмет во кој се оспорува Програмата за работа и Статутот на Здружението за афирмација на културните вредности на македонските Бугари, ,,Цар Борис III” – Охрид.

– Подносител на иницијативата е адвокатот Тони Менкиновски. Во иницијативата се наведува дека оспорените акти се противуставни бидејќи се насочени кон насилно уривање на уставниот поредок, попречување на слободното изразување на националната припадност на македонскиот народ, негирање на неговата самобитност и разгорување на национална омраза или нетрпеливост. Подносителот на иницијативата бара поништување на оспорените акти, додаде Беловска.

 

Tags: иницијативакултурен клуб „Иван Михајлов“Уставен суд
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ