Categories

ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ Уставниот суд ја поништи одлуката за рудниците на смртта

Иницијативата Спас за Гевгелија, на својата Фејсбук страница објави дека вчера, Уставниот суд ја поништил одлука на Советот на општина Гевгелија со која се распиша и одржа Референдумот против рудниците на смртта.

„Канадската компанија Ресервоар Минералс, поднесе барање да се укине одлуката на советот на Општина Гевгелија, а Уставниот суд во експресна постапта го прифати нивното барање и ја поништи одлуката.

Од наша страна на Уставниот суд му беше доставено образложение каде на 18 страни, детално се цитирани сите членови на Уставот на РМ и законите на РМ, според кои недвосмислено и изрично е наведено дека за оваа прашање одлучуваат граѓаните на локално ниво. Уставните судии го погазија и Уставот на РМ и законите на РМ и донесоа срамна одлука поради која ќе мораат сите да си дадат неотповикливи оставки. Девет уставни судии ја запечатија судбината на 500.000 граѓани од југоистокот“, велат од Спас за Гевгелија.

Ти јавно побараа оставки од уставните судии. Во спротивно како што велат ќе иницираат организирање на државен референдум за нивно отповикување.

Б. Ј.

Print Friendly, PDF & Email