Categories

СОБРАНИЕ Усвоен законот за јавни набавки

Собранието го усвои новиот Закон за јавни набавки кој ќе стапи на сила од април, со 57 гласа „за“, без гласови против и воздржани. Министерството за финансии соопшти дека новиот закон за јавни набавки е усогласен со легислативата на ЕУ и дека ќе обезбеди рационално трошење на државните пари, фер конкуренција и транспарентност при јавни набавки.

Со новиот закон е предвидено воведување на економски најповолна понуда како единствен критериум за доделување на договори при што во примената ќе бидат вклучени цената, само трошокот или најдобриот однос меѓу цената и квалитетот.

Д. М. 

Print Friendly, PDF & Email