• Latest

Усвоена потребата за донесување законско решение за задолжително пензионирање на 64 години

November 18, 2020
Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, 32 Конгрес на СДСМ, 7 јуни 2026 (фото извор: СДСМ)

Идеолошко ресетирање во време на проевропска фасада и заробена држава

June 8, 2026

Јазот меѓу проевропската фасада и националистичката реторика на власта

June 7, 2026

Хроника на недовршените процеси, скандалите и ерозијата: Анализи и истражувања што не застаруваат

June 7, 2026
Проф. д-р Оливер Андонов (фото: А. Мехмети/ЦИВИЛ)

Партизаните, идентитетот и ЕУ

June 7, 2026

ТЕЦ Неготино, мазутот и обвиненијата: Што велат официјалните податоци?

June 6, 2026

Путиновата споредба на Зеленски со Рамбо е признание на немоќ и страв

June 6, 2026

Кабинетот на Мицкоски молчи за транзитот на советски ракетни системи вредни 11 милиони евра од Словачка до Уганда во 2025 година

June 5, 2026

Лудачкиот одговор на Путин по отвореното писмо од Зеленски

June 5, 2026
Претседателот на Украина, Володимир Зеленски, 8 мај 2026 (фото извор: Кабинет на Претседателот на Украина)

ДРАМАТИЧЕН ДИПЛОМАТСКИ ПОТЕГ: Зеленски упати ултиматум и мировна понуда до Путин

June 5, 2026

На кои листи ќе нѐ има?

June 4, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ВЕСТИ

Усвоена потребата за донесување законско решение за задолжително пензионирање на 64 години

November 18, 2020 16:03
in ВЕСТИ, ОПШТЕСТВО
Share on FacebookShare on Twitter

Собраниската Комисија за труд и социјална политика денеска во прво читање расправаше по измените и дополнувањата на Законот за работни односи кои треба да овозможат задолжително пензионирање на 64 години и 15 години стаж, а се поднесени од група пратеници. Комисијата ја усвои потребата за донесување на едно вакво законско решение, а пред второто читање треба да се одржи расправа со вклучување на сите засегнати страни, за да се чујат нивните мислења.Според анализите кои ги направиле предлагачите во координација со Министерството за труд и социјална политика, до крајот на годинава возрасната граница за пензионирање со 64 години ќе ја достигнат околу 6000 лица. Но, како што појаснуваат, тоа не значи дека согласно предложените законски измени сите тие ќе одат во пензија, бидејќи дел од нив веќе имаат побарано  продолжување на работниот однос. Со овие измени се предвидува прекинување на договорите за работа со 64  години возраст и 15 години пензиски стаж, доколку во друг закон не е поинаку регулирано. 

-Според нашите анализи бројката на вработени како од јавен, така и од реален сектор збирно до крајот на  2020 година околу 6000 вработени ќе наполнат 64 години. Но, тоа не значи дека сите овие граѓани ќе одат во пензија. Дел од нив поднеле барање согласно актуелното законско решение до крајот на 31 август за продолжување на работниот век и после продолжување на наполнување 64 години,  а кој се однесува на следната календарска 2021 година, рече Жаклина Лазаревска од СДСМ, како претставник на предлагачите.

Досега, појасни таа, на вработените им беше оставена можност да продолжат работниот однос без притоа да се води сметка дали има потреба од тоа работно место или не. Вработениот доставувал барање и работодавачот морал да му го продолжи работниот однос. Најголем дел од барањата за продолжување на работен однос биле во јавниот сектор.

Според Лазаревска, ова од една страна ќе овозможи намалување на бројот на јавната администрација, но, како што рече, за местата кои се потребни, а ќе останат испразнети ќе се отвори можност за вработување млади и квалитетни кадри и ќе се спречи нивното напуштање на земјата.

Опозицијата реагираше дека ова законско решение е противречно и оти може да се искористи за долонителни партиски вработувања.

-Од една страна велите дека сакате да ја намалите јавната администрација, а веднаш потоа дека ќе се отвори можност за вработување на нови млади лица. Ние немаме ништо против нивно вработување, но тоа да се прави по мерит систем, а не по партиска припадност, рече пратеничката Благица Ласоска од ВМРО-ДПМНЕ.

Од опозицијата посочија дека имаат анализи дека не се во прашање само 6000 граѓани кои ја исполнуваат старосната граница до крајот на годинава, туку 10 илјади. Побараа да се направат анализи како пензионирањето на овие лица ќе се одрази врз Фондот за пензиско и инвалидско осигурување и дали ќе може да го издржи напливот. На ова реплицираа пратениците од власта кои посочија дека Фондот е во добра кондиција и оти тој има проекции дека толкав број граѓани би можеле да заминат во пензија, бидејќи не знае однапред колку би барале продолжување на работниот однос.

Законските измени во собраниска процедура ги поднесоа пратеници од СДСМ, во координација со Министерството за труд и социјална политика.

Овие законски измени се предложени за дневен ред на 21. собраниска седница.

ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ