• Latest

Валандово: Политички игри со петокраката

March 16, 2016
Преземено од Unsplash

Компанијата Мета се спогоди за скоро 18 милијарди долари по тужбите дека ги „заробувала“ децата на социјалните мрежи

August 27, 2026
Фотографија: Википедиа

Дрон со експлозив меѓу лежалки и чадори: војната во Украина сè поблиску до романското крајбрежје

August 27, 2026
Украина, Сумска област, 27 август 2026 (фото извор: ДСНС)

Ден 1646, руски терор врз цивилите во Украина: Нападнати Кијив и Одеса – оштетени училишта, здравствена установа и станбени објекти

August 27, 2026
Скриншот од видео на Би-би-си

Катастрофални поплави на Хималаите: најмалку 165 загинати, речиси 1.500 исчезнати

August 27, 2026

ВЛЕН и ДУИ: Кој е заслужен за неизградбата на автопатот Скопје – Блаце?

August 26, 2026

Мицкоски коленичи пред Трамп, а Северна Македонија ја нуди како коцкарски жетон

August 26, 2026

Податочни центри во Северна Македонија: Помеѓу технолошката неопходност, локалните реалности и зелените стратегии

August 26, 2026

Украинската сила против руското зло: Моќна порака на претседателот Зеленски до нацијата

August 26, 2026

Опозицијата игра баскет

August 26, 2026

САД го засилуваат економскиот притисок врз Иран: Нови санкции, секундарни мерки и битка за Ормускиот теснец

August 25, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Валандово: Политички игри со петокраката

March 16, 2016 12:10
in ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Минатата година, во една февруарска вечер, после полноќ, беше осквернавен споменикот на плоштадот во Валандово, со тоа што беше симната петокраката ѕвезда од неговиот врв. За тоа досега никој не одговарал, иако низ валандовската чаршија кружат гласини, дека сквернавењето е извршено од лица блиски на владеачката партија.

По неколку недели од тој настан, еден валандовчанец поставува нова ѕвезда петокрака сред бел ден врз споменикот во Валандово. Според сознанијата на граѓанскиот новинар, кој посака да биде анонимен, неофицијално, за лицето кое повторно ја пoставило петокраката, се заинтересирала полицијата, а за лицата кои ја тргнаа, се уште нема никакви официјални информации.

Новата петокрака на споменикот во Валандово
Новата петокрака на споменикот во Валандово

И додека и во кусата белешка на граѓанскиот новинар за „идеолошките“ противници во Валандово, кои во зависност од личната храброст се качуваат дење или ноќе на споменикот, за да ја постават/тргнат петокраката, има многу балканштина, селективна правда и типично македонско водење политика пред гранапче, целата приказна за споменикот на плоштадот е долга, и е мошне илустративен пример за историјата на овие простори.

spomenik valandovo
Споменикот со старата петокрака

Споменикот во центарот на Валандово е поставен во 1931 година, во чест на жртвите од катастрофалниот земјотрес што го зафатил гратчето истата година. Во тој период, Валандово било под српска власт, која помогнала за возобновување на гратчето, и во тој контекст била и посетата на кралот Александар Караѓорѓевиќ... По посетата, е поставен споменикот на чиј врв бил српскиот симбол – двоглав орел. По започнувањето на Втората Светска војна, на власт во Валандово доаѓаат Бугарите, и тогаш, еден познат валандовчанец со пушка го урива српскиот орел. По ослободувањето, во 1945 година, во Титова Југославија, на врвот од споменикот е поставена ѕвездата петокрака, во знак на победата над фашизмот.

Таа петокрака на врвот на валандовскиот споменик, стои сé до февруари 2015 година, кога некој, скришум, по полноќ – ја тргна.

civiv-lenses-logo-en-copyОваа содржина се објавува во рамките на вториот круг од натпреварот „Биди граѓански новинар“ на проектот „Граѓански објектив“ на ЦИВИЛ, поддржан од National Endowment for Democracy. Содржината на овој прилог е минимално редактирана од редакцијата на ЦИВИЛ Медиа, соодветно на концепцијата на проектот и на веб страницата.

Tags: Валандовограѓански новинарГраѓански објективполитичка играЦивил
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ