• Latest

Ванхауте: Наместо да гарантираат правда, политичарите од сите партии продолжија со своите лични борби

July 17, 2019
Скриншот од видео на
Baku TV | RU

Од Русија со „братска љубов“: Срцепарателните изјави на Песков  во мекедонските медиуми

November 5, 2025

Ројтерс: Кина забранува странски чипови за вештачка интелигенција во центри за податоци финансирани од државата

November 5, 2025

До ДИК се поднесени 16 приговори за гласањето во вториот круг од локалните избори, рокот завршува во 16 и 30 часот

November 5, 2025

Координативното тело на Кодексот за однесува во онлајн просторот: 8 преставки за прекршувања на новинарски и политички етички стандарди во изборниот процес

November 5, 2025

Македонија меѓу амбицијата и застојот, Уставните измени – тест на зрелоста за европската иднина

November 5, 2025

Вонредна седница на белгискиот Совет за национална безбедност поради инцидентите со дроновите

November 5, 2025

Брвеница, Шуто Оризари и Карпош со приговори до ДИК за изборните резултати

November 5, 2025
Скриншот од видео на Х

(ВИДЕО) Мамдани: Њујорк ќе остане град на имигранти, град изграден од имигранти, управуван од имигранти и од вечерва, предводен од имигрант

November 5, 2025
Скриншот од видео на newsflare

Единаесет лица загинаа, околу 30 се повредени во пожар во дом за стари лица во Тузла

November 5, 2025
Фото: Wikimedia commons

Најдолго затворање на владата во историјата на САД

November 5, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Ванхауте: Наместо да гарантираат правда, политичарите од сите партии продолжија со своите лични борби

Питер Ванхауте со својата денешна порака на социјалните мрежи манифестира доследна посветеност и поддршка на нашата земја, со критички тон и осврт на состојбите. Во овој прилог, го преобјавуваме и интервјуто со Ванхауте на 28 март 2018 година...

July 17, 2019 11:54
in ВЕСТИ, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Поранешниот европски медијатор во македонската криза во 2015 и белгиски дипломат Питер Ванхауте, денеска на својот Фејсбук профил напиша статус по повод најновите случувања во Северна Македонија, со случајот за рекет и евентуалната вмешаност на специјалната обвинителка Катица Јанева. Ванхауте напиша:

Читајќи за тоа што се случува со Канцеларијата на Специјалниото обвинителство во Северна Македонија, можам само да заклучам дека владеењето на правото повторно се спушта со голема брзина надолу. Што и да се случило во Канцеларијата на Специјалниот обвинител, важно е да се спречат сите шпекулации и да се дозволи редовното обвинителство да ја врши својата работа. Во случај да постои злоупотреба на моќ, луѓето кои се вклучени во тоа треба да бидат осудени. Но, запрете со гласините!

Анализирајќи го она што се случува, моето прво прашање е: зошто ова одеднаш се појавува на површина? Кој стои зад ова? Дали Катица Јанева веројатно допрела до одредени луѓе кои веруваа дека се недопирливи и над законот? Како одговор на прашањето „кој има интерес од ова“, би  можел да обезбедам долг список со имиња, но тоа нема да ѝ помогне на земјата во напредокот.

Сепак, едно е јасно: политичарите целосно ја збркаа работата. Наместо да гарантираат непристрасна и независна правда, политичарите од сите партии продолжија со своите лични борби и ја заборавија важноста на правилното спроведување на основните демократски принципи, како што се поделбата на власта и потребата од независно судство.

Тоа само докажува дека патот до таму е долг. Можам само да се надевам дека денес и утре, граѓанското општество повторно ќе се разбуди и ќе побара да се почитуваат основните демократски вредности во секое време, дури и од политичарите.

И конечно, што и да се случи, истрагите во прислушувањата треба да продолжат.

Тоа е товарот од минатото, но никој никогаш не треба да заборави што се случило и да се осигура дека оние што биле вклучени во него, вклучувајќи го и г-дин Груевски, се правилно гонети и, на крајот, осудени. И ЕУ и г-дин Орбан треба да бидат свесни дека на таква личност не може да му се даде азил, а во исто време да побара од Северна Македонија да го почитува владеењето на правото. Значи, да го исправиме и ова!

https://www.facebook.com/peter.vanhoutte.814722458631977/posts/10156448717702469

Пред нешто повеќе од една година, ЦИВИЛ Медиа направи интервју со Питер Ванхауте. Уште тогаш, овој извонреден познавач на македонските прилики и пријател на Северна Македонија, предупреди на раните знаци на слабости во спроведувањето на политиките и практиките на владата. Веруваме дека ова интервју е добар потсетник за вистинските приоритети, па затоа го објавуваме уште еднаш во продолжение на денешната порака на Ванхауте.

Г. Ванхауте, која е вашата проценка за сегашните случувања во земјата, особено во однос на практиките и политиките на владата?

ВАНХАУТЕ: Би рекол дека има прогрес, во споредба со тоа каде бевме пред една година. Работите дефинитивно се различни. Атмосферата е многу порелаксирана. Гледам многу иницијативи кои доаѓаат од владата и кои се развиваат, но тоа не е доволно. Се зборува за пристапување кон ЕУ, се зборува за членство во НАТО, се зборува и за спорот за името, сето тоа е мошне битно, владата треба да работи на сето тоа.

Но, она што јас сметам дека недостасува е што прво треба да се работи на вистинските приоритети: луѓето се грижат за економскиот развој, за здравствената заштита, за образованието. Овие работи се во срцето на вашето општество и доколку не можете да ги подобрите, тогаш постои огромен проблем.

Питер Ванхауте (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

Кои се итните препораки, итните чекори кои владата треба да ги преземе во однос на сето тоа?

ВАНХАУТЕ: Би сакал да ја видам владата да излезе со јасна стратегија. Тие треба прво да ги дефинираат приоритетите и да кажат – во следниот период ќе се фокусираме на тоа, тоа и тоа – образование, здравствена заштита, економски развој. Сметам дека ова се најважните прашања на списокот. А потоа треба да излезат со конкретни планови за тоа како ќе ја подобрат состојбата. И тоа не само од нивните канцеларии тука во Скопје, туку треба да патуваат низ целата земја, да разговараат со луѓето, да осознаат поточно кои се проблемите и што може да се стори во најкраток можен рок. Не во наредните дваесет години, туку сега. Треба да дејствуваме сега. Сметам дека тоа е многу итно.

Што треба ние како граѓанско општество да сториме?

ВАНХАУТЕ: Граѓанското општество, идеално, треба да биде во средина, меѓу владата и граѓаните. Но, вие дефинитивно сте на страната на граѓаните, така што, од една страна, треба да ја зајакнете свеста меѓу граѓаните, да ги мобилизирате луѓето во однос на нивните итни потреби и да им кажете – ајде сега да одиме кај владата и да ѝ кажеме што сакаме итно да се направи.

(разговорот го водеше Џабир Дерала, на 28 март 2018 година во Скопје, камера: Атанас Петровски, фотографии: Биљана Јордановска)

 


Преземање на содржините e ЗАБРАНЕТО (!!!), освен со писмена дозвола од ЦИВИЛ и тоа исклучиво според Условите за користење, авторски права и заштита на приватноста. Повредата на авторските права е забранета со закон. Врз основа на договор за соработка, оваа содржина е достапна за Плусинфо и Слободен печат без ограничувања.

Share188Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Љубомир Костовски (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

    Избори во кои на Кочани му избраа градоначалник

    188 shares
    Share 75 Tweet 47
  • Лукоил ја прифати понудата на Ганвор Груп за купување на меѓународните средства, ќе добие ли македонската подружница нов газда?

    149 shares
    Share 60 Tweet 37
  • Нема втор круг! Изборите во Гостивар, Врапчиште, Маврово и Центар Жупа пропаднаа – ќе се распишат нови!

    104 shares
    Share 42 Tweet 26
  • Блиската врска со Путин на коосновачот на Гунвор – купувачот на странските подружниците на Лукоил

    102 shares
    Share 41 Tweet 26
  • „Метеж во Москва“ – Украина погоди критичен воен систем за гориво во близина на руската престолнина

    98 shares
    Share 39 Tweet 25
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ