• Latest

Ванхауте: Потполно го разбирам разочарувањето на Заев, сега не ни требаат предвремени избори, прво да се фокусираме на националните приоритети

November 3, 2021
Фото: Скриншот, видео Х

Шест загинати во рускиот напад врз Кијив, Азербејџан упати силен протест до Москва откако руска ракета ја оштети и нивната амбасада

November 14, 2025
Фото: Скриншот, видео Гардијан

Демонстранти го блокираа главниот влез на зградата каде се одржува КОП30

November 14, 2025

Марш на ангелите – 30-тиот протесен марш за правда во Скопје

November 14, 2025
Фото: Фејсбук  на Љубомир Костовски

Министерот што подигнува само рачна, говори за брзината на пругите!

November 14, 2025

Богати странци плаќале по 80.000 фунти за „сафари викенд“ за да убиваат цивили за време на опсадата на Сараево

November 14, 2025

Анализа на Гардијан: Климатското финансирање оди во погрешни раце – Кина, Саудиска Арабија и ОАЕ меѓу најголемите добитници

November 14, 2025
Фотографија: Скриншот

Новиот исламофобичен говор на Додик – радикална реторика што потсетува на воените злосторници од 90-тите, алармираат аналитичари и ОБСЕ

November 14, 2025
Фото: украинската амбасадорка Лариса Дир/Х

Амбасадорката Дир: Масовен напад врз Кијив, Харкивскиот и Одескиот регион, има загинати и повредени, руските окупатори продолжуваат да напаѓаат врз луѓето

November 14, 2025
Скриншот од видео на CNBC-TV18

Првичните трендови на клучните индиски државни избори покажуваат водство на алијансата на премиерот Моди 

November 14, 2025
Фото: Државна служба за вонредни ситуации на Украина/Телеграм

„Злобен напад“ – 4 убиени, десетици повредени во Киjив во масивен руски ракетен напад

November 14, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ФОРУМ ИЗЈАВИ

Ванхауте: Потполно го разбирам разочарувањето на Заев, сега не ни требаат предвремени избори, прво да се фокусираме на националните приоритети

November 3, 2021 14:23
in ВЕСТИ, ИЗЈАВИ, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Белгискиот експерт Питер Ванхауте , кој претходно беше ангажиран од Европската Унија во процесот на преговори и склучување на договорите од Пржин, преку својот Фејсбук профил се огласи со коментар во врска со оставката на премиерот Зоран Заев.

– Изминативе денови со интерес ги следев последните случувања поврзани со локалните избори во Северна Македонија. Иако добро го разбирам, ми звучи многу чудно што премиерот би решил да поднесе оставка поради разочарувачкиот исход на локалните избори. Во принцип, ова се две јасно одделени нивоа на управување. Исходите од изборите на едно ниво не треба да имаат влијание на друго ниво. Важно е двете нивоа да се одвојат, бидејќи на севкупната кохезија на политичкиот систем во земјата и е потребна стабилност и граѓаните треба да разберат дека политиката на едно ниво не треба да има моментално влијание на другото ниво. Замислете градоначалниците да поднесат оставки ако се разочарани од резултатот на националните избори. Дополнително, имам чувство дека одлуката на господинот Заев е донесена и јавно објавена пред да се постигне договор во неговата коалиција за ова. Како премиер, никогаш не треба да одлучите да поднесете оставка освен ако вашите коалициски партнери не се согласат со тоа, како и со следните чекори, односно кој ќе ве замени како премиер, пишува Ванхауте на својот Фејсбк профил.

-Се разбира, потполно го разбирам разочарувањето на господинот Заев – разочарувањето од функционирањето на сопствената партија, разочарувањето од немањето напредок во однос на влезот во ЕУ, разочарувањето од функционирањето на некои од неговите коалициски партнери… Така, да, сето тоа се валидни причини зошто премиерот може да одлучи да поднесе оставка. Но, ве молам, во таков случај, доколку сакате да поднесете оставка, информирајте ја јавноста дека одлучивте да поднесете оставка од лични причини, смета Ванхауте.

Понатаму, белгискиот експерт истакнува дека во меѓувреме, не треба да се впуштаме во предвремени избори, туку да продолжиме понатаму, прво да се фокусираме на националните приоритети: економски развој, подобрување на здравствениот систем – да, свесен сум дека повеќето политичари ги користат приватните клиники, наместо тие на јавниот здравствен систем и како резултат на тоа, многу од нив дури и не знаат колку навистина е проблематична состојбата таму, поради недостаток на инвестиции и ниски плати за здравствените работници – подобрување на образовниот систем на сите нивоа и поддршка на развојот на перспективен земјоделски систем, кој ќе им овозможи на земјоделците да останат во нивните села и ќе го промовира производството и извозот на висококвалитетни производи во Европа, покрај тоа што му служи на локалниот пазар.

-И да, знам дека има потреба од посредување во однос на спорот со Бугарија, но на ова треба да се пристапи на креативен начин, а не да се следат класичните начини на медијација, бидејќи тоа нема да даде никакви резултати. Креативно овде значи различно, со фокус на реалните потреби на граѓаните на Северна Македонија и земајќи ги предвид заедничките интереси на Бугарија и Северна Македонија, како и учење да се разбере минатото и како да се остави зад себе. Време е да гледаме напред и да работиме на подобра иднина за сите граѓани!, советува белгиецот.

-И, конечно, да се согласиме дека проблемите што ги гледаме повторно не се исклучива одговорност на едната или другата политичка партија, тоа е проблем на системот кој е нефункционален, бидејќи се заснова на клиентелизам, систем заснован на покровителство: ако гласаш за мене, ако ме поддржуваш мене и мојата партија, ќе направам нешто за тебе за возврат (да ти дадам пари, работа, да се погрижиш твоето дете да добие диплома, да ти договори пензија итн.) Во принцип, клиентелизмот може да се гледа како претходник на добро функционална демократија, во таа смисла нема ништо лошо, бидејќи тоа докажува дека политичарите се грижат за граѓаните. Сепак, клиентелизмот е некомпатибилен со функционална демократија, бидејќи не ги третира сите граѓани подеднакво.

-Така што сите страни треба да го стават како врвен приоритет промената на системот на клиентелизам. Да изградиме фер демократија, каде што сите граѓани имаат еднакви права и еднаков пристап до услугите, а политичарите ќе бидат во служба на граѓаните. И да не чекаме утре или наредни избори, бидејќи ни избори нема да го сменат системот, туку да почнеме да работиме на ова СЕГА!, заклучува на крајот од својот текст Питер Ванхауте.

Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Скриншот од видео на ДИК

    Локалните избори 2025 се официјално и конечно завршени, објави ДИК

    306 shares
    Share 122 Tweet 77
  • „Ние сме далеку пред Албанија“ – Зошто оваа изјава на премиерот Мицкоски е важна за европската приказна на Северна Македонија

    119 shares
    Share 48 Tweet 30
  • Изгледа гатачката на Грујо ја вратиле во Царина, Мицкоски почна да споделува вести од иднината

    113 shares
    Share 45 Tweet 28
  • Локалните избори во Косово Избори без апсолутен победник, но со пораки за партиите

    97 shares
    Share 39 Tweet 24
  • Пендаровски: Ниту една земја што се затворила не станала голема, изолацијата не е добра

    96 shares
    Share 38 Tweet 24
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ