СДСМ денеска поднесе иницијатива за продолжување на конститутивната седница на Собранието. Оливер Спасовски, пратеник и генерален секретар на партијата изјави дека СДСМ очекува Трајко Вељаноски веднаш да свика продолжение на конститутивната седница и Собранието, конечно, да почне да функционира.
Спасовски, исто така, додаде дека не очекуваат опструкции околу свикувањето на седницата и се надева дека Вељаноски ќе биде на ниво на својата задача.
„Прв чекор е изборот на претседателот на Собранието кој ќе го тргне и последниот неразумен аргумент на Иванов којшто е должен да го даде мандатот за состав на влада на претседателот на СДСМ, Зоран Заев“, изјави Спасовски.
Околу можниот кандидат за претседател на Собранието, Спасовски рече дека ќе седнат да разговараат, откако ќе биде закажано продолжението на седницата.
Конститутивната седница на Собранието се одржа на 30 декември, но беше прекината бидејќи не беше обезбедено парламентарно мнозинство за избор на претседател на pарламентот.