• Latest

Вархеји: Опозицијата ги премина црвените линии на цивилизираната политика

July 26, 2022
Вонреден Самит во Брисел 26-27 ноември 2026
(Фото: Европска Унија)

Без договор за буџетот на ЕУ до 2034 година, преговорите продолжуваат во декември

November 27, 2026
Фотографија: Преземено од Pexels

„Ниту една повеќе“: Протестите против фемицидот не се простор за партиска промоција

November 27, 2026
Протести во Тирана, октомври 2026 (фото извор: https://www.facebook.com/karin.mueting)

Албанските студенти влегуваат во политиката со иницијатива за нова партија „Обединети за Албанија“

November 27, 2026
Кијив, 26 ноември 2026 (Фото: ДСНС)

Нови руски напади врз Кијив и Харкив: Загина брачен пар, седум повредени

November 26, 2026
Самит ЕУ -Западен Балкан во Брисел (Фото: Европски совет)

Самит ЕУ – Западен Балкан во Брисел: ЕУ ја потврди европската перспектива на регионот, реформите остануваат клучен услов

November 26, 2026
Силата на Украина е силата на Европа: ЦИВИЛ и Амбасадата на Украина го одбележаа Денот на достоинството и слободата (Фото:  Б. Јордановска/ЦИВИЛ)

(ВИДЕО) Моќни пораки од обележувањето на Денот на достоинството и слободата: Украина – силна и слободна

November 26, 2026
Ниту една повеќе блокира пред Влада (Фото: Ванчо Џамбаски, Flickr, CC BY-NC-SA 4.0)

Марш во Скопје против фемицидот и семејното наслиство: Не е љубов ако те убива

November 26, 2026

Прашање на денот: Зошто насилниците избегнуваат казна – и кој е одговорен за тоа?

November 25, 2026

Светот против насилството врз жените и девојчињата: Правда, заштита и крај на неказнивоста

November 25, 2026

Големи и мали: Гуливеровата опомена

November 25, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Вархеји: Опозицијата ги премина црвените линии на цивилизираната политика

July 26, 2022 19:11
in ВЕСТИ, ИЗЈАВИ, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

„Ова е момент за отрезнување за Северна Македонија, но и за опозицијата. Палењето документи во пленарната сала, туркањето на луѓето кон насилство и поттикнувањето омраза не носат ништо, само штета“, порача еврокомесарот за проширување Оливер Вархеји, кој во интервју за „Еуроактив“ го критикува односот на македонската опозиција кон францускиот предлог и процесот на приближување на земјата кон ЕУ, пренесе ДВ.

Според него, постојат многу јасни граници за европскиот начин на водење политика, многу јасни граници за цивилизираната политика, но неговата проценка е дека многу од тие црвени линии беа поминати од опозицијата.

„Еуроактив“ наведува дека по решавањето на долгогодишниот спор на Северна Македонија со Бугарија, Албанија ги започна преговорите, додека за Скопје дел од процесот ќе биде и вклучување на Бугарите во Уставот меѓу останатите нации, за што е потребен консензус во Собранието, кој во моментов го нема. „Ова ја поттикна националистичката опозиција со денови да организира протести во Скопје, за кои Вархеји оценува дека биле поминати црвените линии. Како пример, тој го наведува и тоа што листови хартија со францускиот предлог беа палени на собраниската говорница од страна на пратеници на опозицијата“, се наведува во текстот.

Запрашан дали гледа ризик од натамошни пречки на патот,  Вархеји вели дека целта е да се создадат „јасни, правични и транспарентни критериуми кои можат да го променат негативниот став на двете страни“.

Во исто време, тој посочува дека „Албанија покажа вистинска солидарност со Северна Македонија и зрелост во разбирањето дека земјите-членки (на ЕУ, н.з.) сакаат двете земји да одат напред“, но додава дека Албанија сега може да продолжи сама.

„Целиот процес на проширување е заснован на заслуги, а сега трката е во тек, кој и да испорача прв, треба да има право да се приклучи прв“, појаснува Вархеји.

Еврокомесарот во разговорот со „Еуроактив“ оценува и дека руската војна против Украина ја отрезнила дебата околу процесот на проширување на ЕУ и ја покажала потребата за забрзување на процедурите. Покрај отворањето на преговорите со Северна Македонија и Албанија, околу прашањето за проширување ЕК претходно им додели кандидатски статус на Украина и Молдавија, а ваквите поместувања, според Вархеји, можеби се и единственото добро од војната.

Ова не првпат еврокомесарот за проширување Оливер Вархеји да упати критики до опозицијата и да бара од неа конструктивен однос на патот кон ЕУ. Тој на прес-конференцијата на 19.07.2022, по првата Меѓувладина седница на Северна Македонија и ЕУ испрати порака до македонската опозиција да работи за иднината на земјата и да покаже дека е посветена на што поскоро зачленување на земјата во ЕУ. „Уставни измени ќе мора да се случат“, порача Вархеји, одговарајќи на новинарско прашање во врска со најавите на ВМРО-ДПМНЕ дека нема да поддржи уставни измени, со кои Бугарите треба да влезат во Уставот. Откако земјата го изоде првиот важен чекор со започнувањето на пристапните преговори, промената на Уставот е вториот важен чекор кој претстои како предизвик пред македонското Собрание. За овие измени е потребно двотретинско мнозинство во парламентот.

ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДИСКУРС
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ