• Latest

Вархеји: Волјата за проширување се врати, подготвени сме да се движиме брзо

July 26, 2022
Вонреден Самит во Брисел 26-27 ноември 2026
(Фото: Европска Унија)

Без договор за буџетот на ЕУ до 2034 година, преговорите продолжуваат во декември

November 27, 2026
Фотографија: Преземено од Pexels

„Ниту една повеќе“: Протестите против фемицидот не се простор за партиска промоција

November 27, 2026
Протести во Тирана, октомври 2026 (фото извор: https://www.facebook.com/karin.mueting)

Албанските студенти влегуваат во политиката со иницијатива за нова партија „Обединети за Албанија“

November 27, 2026
Кијив, 26 ноември 2026 (Фото: ДСНС)

Нови руски напади врз Кијив и Харкив: Загина брачен пар, седум повредени

November 26, 2026
Самит ЕУ -Западен Балкан во Брисел (Фото: Европски совет)

Самит ЕУ – Западен Балкан во Брисел: ЕУ ја потврди европската перспектива на регионот, реформите остануваат клучен услов

November 26, 2026
Силата на Украина е силата на Европа: ЦИВИЛ и Амбасадата на Украина го одбележаа Денот на достоинството и слободата (Фото:  Б. Јордановска/ЦИВИЛ)

(ВИДЕО) Моќни пораки од обележувањето на Денот на достоинството и слободата: Украина – силна и слободна

November 26, 2026
Ниту една повеќе блокира пред Влада (Фото: Ванчо Џамбаски, Flickr, CC BY-NC-SA 4.0)

Марш во Скопје против фемицидот и семејното наслиство: Не е љубов ако те убива

November 26, 2026

Прашање на денот: Зошто насилниците избегнуваат казна – и кој е одговорен за тоа?

November 25, 2026

Светот против насилството врз жените и девојчињата: Правда, заштита и крај на неказнивоста

November 25, 2026

Големи и мали: Гуливеровата опомена

November 25, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ФОРУМ ИЗЈАВИ

Вархеји: Волјата за проширување се врати, подготвени сме да се движиме брзо

За Северна Македонија ова треба да биде момент за отрезнување, но и за опозицијата. Палењето документи во пленарната сала, туркањето на луѓето на насилство и поттикнувањето омраза не носат ништо, само штета.

July 26, 2022 09:39
in ВЕСТИ, ИЗЈАВИ
Share on FacebookShare on Twitter

Ова е момент за отрезнување за Северна Македонија, но и за опозицијата. Палењето документи во пленарната сала, туркањето на луѓето кон насилство и поттикнувањето омраза не носат ништо, само штета, оценува еврокомесдарот за проширување Оливер Вархеи во интервју за Еурактив.

Вархеи вели и дека „волјата за проширување се враќа, ние сме подготвени да се движиме брзо“.

Бриселскиот портал наведува дека откако Скопје го реши долгогодишниот спор со соседната членка на ЕУ, Бугарија, Албанија се очекува веднаш да ги започне пристапните преговори. Во однос на Северна Македонија, посочува, таа прво ќе треба да го промени својот устав за да ги вклучи Бугарите, за што го нема потребниот консензус во парламентот.

Ова, се наведува во текстот, ја поттикна националистичката опозиција да организира протести во Скопје, за кои Вархеји вели дека ги преминуваат основните демократски црвени линии.

-За Северна Македонија ова треба да биде момент за отрезнување, но и за опозицијата. Палењето документи во пленарната сала, туркањето на луѓето на насилство и поттикнувањето омраза не носат ништо, само штета. Постојат многу јасни граници за европскиот начин на водење политика, многу јасни граници за цивилизираната политика, а моја проценка е дека многу од тие црвени линии беа поминати од опозицијата, додаде еврокомесарот.

Во исто време, тој посочи дека „Албанија покажа вистинска солидарност со Северна Македонија и зрелост во разбирањето дека земји-членки сакаат двете држави да одат напред“, но додава дека Тирана сега може да продолжи и сама.

Целиот процес на проширување се заснова на заслуги, вели Вархеји, а сега трката е во тек, кој и да испорача прв, треба да има право да се приклучи прв.

-Она што е важно е дека ако тие испорачуваат брзо, ние сме подготвени да се движиме брзо, (…) и бидејќи сега сме одговорни, конечно, брзината ќе биде многу, многу поразлична, рече Вархеји, додавајќи дека Комисијата ја започна процедурата за скрининг веднаш откако земјите-членки дадоа зелено светло минатата недела.

Во интервјуто Вархеји оценува дека војната на Русија против Украина ја отрезни дебатата околу процесот на проширување на ЕУ и ја покажа потребата за забрзување на процедурите, суштински запрени од претходната Комисија. Кандидатскиот статус на Украина и Молдавија како сигнал за солидарност како одговор на руската агресија и зеленото светло за почетокот на долго одложуваните пристапни преговори со Северна Македонија и Албанија, според него, е „можеби единственото позитивно влијание на војната во Украина бидејќи ја отрезни дискусијата околу проширувањето, како и капацитетот за апсорпција на ЕУ“.

-Ние Европејците, сега не само што сфаќаме, туку сме подготвени да го исполниме тоа, дека Европа нема да ужива безбедност, стабилност и просперитет без Западен Балкан да биде целосно интегриран, вели еврокомесарот за проширување.

Во последниве години, потсетува Еурактив, имаше „мал апетит’ за проширување во рамките на ЕУ, а некои земји-членки повикаа на реформи во Унијата пред да примат нови членки.

-Не заборавајте, ја презедовме функцијата од претходната Европска комисија која рече „нема проширување“ и штетата беше направена таму, рече Вархеи, додавајќи дека кон втората половина од нејзиниот мандат, Комисијата на Јункер „сфати дека тоа е стратешка грешка“.

-Она што го очекувам, и она што ќе биде огромна одговорност за Европската комисија, е дека сега постои јасна политичка волја, која не беше секогаш очигледна, вели Вархеји.

Запрашан за предлогот на францускиот претседател Емануел Макрон за европска политичка заедница, која ќе ги зајакне врските на блокот со земјите кои не се членки на ЕУ во неговото блиско соседство, Вархеи рече само дека тоа „може да додаде уште еден слој“. 

М. Д.

ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДИСКУРС
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ