• Latest

Варвициотис: За европската перспектива на соседната земја потребно е исполнување на обврските од Договорот од Преспа

September 17, 2019

ИЗБОРНА ХРОНИКА: Мирни локални избори засенети од висока политичка поларизација, висок број неважечки ливчиња, прекршување на молкот и говор на омраза

October 21, 2025
Фото: Скриншот од видео на ВВС

Приливот на храна во Газа е сè уште далеку под целите, посочуваат од Светската програма за храна

October 21, 2025

Според меѓународните набљудувачи, локалните избори беа засенети од правни недостатоци, ограничени институционални капацитети и висока политичка поларизација

October 21, 2025
фото: Џ.Д. / ЦИВИЛ

Владата наложи вонредна инспекција во Град Скопје и ЈП „Комунална хигиена“ поради кризата со отпадот

October 21, 2025

Европскиот парламент со резолуција за Србија: Растечка репресија, кинеско влијание и најголеми демонстрации во последните децении

October 21, 2025

Македонски туристи во Кина принудени да го тргнат македонското државно знаме

October 21, 2025
Скриншот од видео на FRANCE 24 English

Саркози започна со отслужување на петгодишната затворска казна

October 21, 2025
Фото: ВИ

Прекршување на изборниот молк, лажни вести и говор на омраза

October 21, 2025
Скриншот од видео на The Hill

(ВИДЕО) Трамп до австралискиот амбасадор: И јас не те сакам и веројатно никогаш нема да те сакам

October 21, 2025
Моментот кога Санае Такаичи ќе победи на Долниот дом на Јапонија. Фото: Скриншот од видео на ВВС

Санае Такаичи стана првата жена премиер на Јапонија

October 21, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home РЕГИОН

Варвициотис: За европската перспектива на соседната земја потребно е исполнување на обврските од Договорот од Преспа

September 17, 2019 09:42
in ВЕСТИ, РЕГИОН
Share on FacebookShare on Twitter

Исполнување на обврските од Договорот од Преспа, напуштање на секаков иредентистички елемент и почитување на владеењето на правото, се точките на кои, според грчкото МНР, се осврнал алтернативниот министер за надворешни работи на Грција, Милтиадис Варвициотис, говорејќи за европската перспектива на нашата земја за време на состанокот на Советот за општи прашања во Брисел, jави дописничката на МИА од Атина.

Како што соопштуваат од Министерството за надворешни работи на Грција, на состанокот на кој главна тема била подготовката за Европскиот совет на 17 и 18 октомври, Варвициотис посебно се осврнал на спроведувањето на Договорот од Преспа, истакнувајќи дека за Грција да ја поддржи интегративната перспектива на северниот сосед, „услов од кој не се отстапува е веднаш да се исполнат обврските што произлегуваат од потпишувањето на договорот, а се однесуваат на усогласеност со уставните промени што беа усвоени, целосно напуштање на било кој елемент на иредентизам и почитување на владеењето на правото“.

-Во подготовките за следниот Европски совет, на агендата беа ставени одредени теми што многу се однесуваат на Грција. Првото е проширувањето со земјите од Западен Балкан и во однос на тоа побаравме нашите соседи да го почитуваат владеењето на правото, правилата на добрососедство и секако, да им служат на договорите што ги имаат потпишано, како што е Договорот од Преспа, рече Варвициотис по завршувањето на состанокот.

Алтернативниот шеф на грчката дипломатија, во однос на проширувањето на унијата, истакнал дека Грција ја поддржува европската перспектива на земјите од Западен Балкан, но под поставените предуслови.

Во однос на Албанија, рекол дека услов е земјата да ги исполни во целост петте приоритети поставени од унијата  и да даде особено значење на правата на грчкото национално малцинство.

Во обраќањето на вчерашниот состанок, Варвициотис истакнал дека Грција го поддржува барањето на Кипар, на следниот Европски совет да се разгледа и прашањето со турските прекршувања и ескалацијата на нелегалните активности во Источниот Медитеран.

-Го поставивме прашањето за турската провокација, како во однос на прекршувањата на суверенитетот на Кипар, така и за заканите со кои се соочува нашата земја во бегалското прашање. И, секако, ја поставивме и  побарувачката рамка преку која Грција доаѓа да бара дел од растот на Европа, во следната повеќегодишна финансиска рамка. Грција престана да биде земја која бара помош. Она што го бара е правото и можноста да се развие за да го постигне ритамот на развој и животниот стандард што го имаше пред кризата, рече Варвициотис по вчерашниот состанок.

Print Friendly, PDF & Email
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • EУ испрати порака, Мицкоски молчи – Андонов со жестока критика

    180 shares
    Share 72 Tweet 45
  • Случајот со Тричковски повторно ја исфрли на површина селективноста на властите

    164 shares
    Share 66 Tweet 41
  • Моќната ракета Томахавк ги собори Садам и Гадафи, може да го собори и Путин

    123 shares
    Share 49 Tweet 31
  • Ел Чека фрли „предизборна бомба“: Објавени снимки со компромитирачка содржина за кичевскиот градоначалник Фатмир Дехари

    118 shares
    Share 47 Tweet 30
  • Фотографии од Бранко Црвенковски со членови на ВМРО-ДПМНЕ и ЗНАМ ја вжештија политичката клима пред избори

    102 shares
    Share 41 Tweet 26
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ