• Latest
Војо Маневски (фото: ЦИВИЛ)

Ватос – капина или како стигнавме до таму, змиите да ни бидат друштво

August 6, 2026
Тематска дебата на СДА Македонија, 30 јули 2026 (фото: ЦИВИЛ)

СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА ВО ОРБИТАТА НА СРПСКИОТ СВЕТ: Европскиот пат блокиран, изолацијата станува државна политика – дебата на СДА Македонија

August 5, 2026

РУСКИ ТЕРОР ВРЗ КИЈИВ: Најмалку 17 загинати и 44 повредени во нов масовен напад со ракети и дронови

August 5, 2026
СЛОБОДА | Кијив, 22 јули 2026 (фото: Џабир Дерала/ЦИВИЛ)

Животот и демократијата се обновуваат под оган: Детален запис од мисијата на Media Dialogue во Украина

August 4, 2026
фото: ВИ

Италија предлага мигрантски центри во трети земји по моделот на Албанија

August 4, 2026
Фото: Генерирано со ВИ

Коалиција од 25 американски сојузни држави ја тужат администрацијата на Трамп поради новите увозни царини

August 4, 2026
Али Ахмети, Кичево, 23 јули 2026 (фото извор: веб страница на ДУИ)

ДУИ обвинува: ВЛЕН стана инструмент на ВМРО-ДПМНЕ и овозможува ширење на „српскиот свет“ во земјава

August 3, 2026
Businessman showing concept, connection,innovation development and artifacts too artificial intelligence ,AI , ideas and innovation ,Finding new solutions to solve business problems ,modern business

Во што се состои Актот за вештачка интелигенција на ЕУ? (ИНФОГРАФИК)

August 3, 2026
Запорижжја, 2-3 август 2026 (фото извор: ДСНС Украина)

РУСКИ ТЕРОР ВРЗ ЦИВИЛИТЕ: Разорни бомби во Запорижжја, масовен украински одговор на руска територија и нови провокации кон НАТО

August 3, 2026

Европска комисија: Побезбедна и потранспарентна вештачка интелигенција

August 3, 2026
Марко Маневски (фото извор: Марколепсија, блог на авторот)

Ист циркус, нови шатори

August 3, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home СЛОБОДНА ЗОНА

Ватос – капина или како стигнавме до таму, змиите да ни бидат друштво

August 6, 2026 08:45
in ПОЛИТИКА, СЛОБОДНА ЗОНА, ТОП 5
Војо Маневски (фото: ЦИВИЛ)

Војо Маневски (фото: ЦИВИЛ)

Share on FacebookShare on Twitter

Војо Маневски

Легендата за Ватопед, манастиот на Света Гора, започнува со невреме од кое се спасил синот на царот Теодосиј. Се криел во некоја капина и се хранел од нејзините плодови. Од благодарност кон тоа место, Теодосиј го подигнал манастирот Ватопед.

Таа легенда и нејзината среќна завршница за нас не важи од неколку причини. Првата е што ние не сме на море, а самата несреќа сме ние самите и нашето разбирање на општеството и државата, поголема несреќа не ни треба. Втората причина е што ние не сме под закрила на некој цар па ни преостанува само да одлучиме како од капината ќе излеземе самите. Со изгребана кожа и тело, со искината облека или ќе останеме да се дружиме со змиите во ладовината на капината?

Едно ми е јасно. Во капината влеговме затоа што сме непретпазливи, не ни се работи многу и сакаме да закачиме нешто за кое ниту сме копале ниту сме саделе. Во тоа лежи нашата ендемска карактеристика – корупцијата на сѐ и сешто околу нас и клиентелизмот како начин на живот.

Најголем дел од денешните мои сограѓани не знаат како изгледа низа на капини покрај правлив полски пат или некој водотек кој ги наводнува корените на капината, ама само го наслутувате дека е некаде таму, покриен е со густи грмушки. Кога наближуваш кон неа, прво ги согледуваш црвените плодови што се на половина пат до зрелост, ама нивната киселкост е лек за жедната уста во летните горештини. Редицата црвени плодови е некаде на средината од капината, а кога ќе погледнеш малку повисоко, црно-црвени плодови со слаткост и вкус на најубави женски усни те мамат.

Е, во таа слаткост е замката. Почнуваш да береш и секој набран плод како да го создала некоја од комерцијалните банки, веднаш те тера да бараш низ гранките уште и уште такви плодови. Капината има боцки ама тие се свртени навнатре и кога се пробиваш кон примамливите плодови, не те гребат, туку како да те вовлекуваат внатре.

Сонцето најмногу ги грее високите делови на капината па затоа и таму се најзрелите плодови. За  да дојдеш до нив мора да навлезеш подлабоко во капината. Кога ќе влезеш подлабоко, приметуваш дека плодовите се на гранките свртени кон сонцето, ама кон надвор. За да се насладиш со слатките капинки треба да се поткачиш низ грмушката на капината. Е, тогаш настапува дилемата за цената на алчноста кон слатките плодови, а не размислуваш од што е поттикната жедта која ја чувствуваш одејќи покрај правливата патека и во близина на некаков водотек кој ниту го гледаш ниту можеш да го користиш. Потврда за разните теории за заговор против нас не ни е потребна низ анализите на разните сезнајковци. Капината ни ги нуди одговорите.

Кога веќе дојдовме во средината на капината и немаме веќе плодови на дофат, немаме храброст да излеземе од неа, а да не ризикуваме болка или искината облека, нејзината сенка нѐ влече да починеме, да одмориме и да чекаме некој да нѐ спаси, како што принцот на Теодосиј го спасиле. Реков дека немаме среќа да сме од некаков царски род и пород и опасностите мораме сами да ги пребродиме. Сенката во грмушката на капините не е сопственост на жедните и алчни минувачи, туку и на другите божји створови на кои топлината им смета. Додека чекаме да нѐ спаси некој, во ладовинката на капината влегуваат разни инсекти, па разни влекачи, а ако имаме среќа и некој зајак ќе бара ладовинка. Ете, тоа ни е друштвото кое го заслуживме со својот алчен, но и зајачки менталитет. Теоријата вели дека змиите, иако се ладнокрвни влекачи, сепак, високите температури им сметаат и бараат да се скријат во ладовинка.

Да, да, на крајот на денот друштво ќе ни прават змиите со целата нивна добродушност и отровност. Или ќе седиме во сенката на капината склупчени секој во својот дел или ако се мрднеме, змијата бранејќи, се од нас, ќе нѐ касне.

Има ли во приказнава поука?

Мора да подразмислиме, секој за себе, ама и сите заедно, што ќе одбереме. Да садиме питоми овошки и да се прехрануваме како одговорно општество и народ или да береме диви капини кои ни ги нуди најнеморалниот дел од нашата заедница кој ќе нѐ остави да спиеме до змиите, поточно со нив како човечки облик на змискиот свет.

Еден мој пријател што имаше роденден пред неколку дена ми пишал дека мора да се бара решение. Во право е, решение мора да се најде. За почеток, да разговараме за одредени прашања и одредени проблеми врз кои ќе градиме граѓанско единство. Кочани, Гостивар, се примери на кои треба да се гради граѓанско единство и граѓанско движење како израз на интересите на обичниот граѓанин.  Да, обединување на обичните граѓани за конкретни проблеми е излезот од капината и нејзините боцки. Не очекувајте голема помош од академици, професори и други интелектуалци или не дај боже под политичките партии. Нивната ладовина не зависи од капината, туку од нашата спремност да ги трпиме и плаќаме, а кога ќе заглавиме со змиите, тие не знаат и не сакаат да ни помогнат. Лето е и зафатени се со годишните одмори, за нас и нашите капини немаат ниту време ниту волја.

За пораките на обичниот свет кој оди на пазар во шест, седум часот на сабајле, за да не го однесе топлината во некоја „ладовина“ на капините околу него, во наредниот текст кога ќе ги проверам кошулите, панталоните искинати од капините. За раните веќе никој и не се грижи зошто и нема кој да ги лекува.

 


Специјално за ЦИВИЛ МЕДИА | Сите права се задржани.


Неопходна е вашата поддршка за ЦИВИЛ.

Поддржете ги независните медиумски платформи на ЦИВИЛ во борбата против дезинформациите, национализмот, хибридните закани и авторитаризмот

Дајте го својот придонес СЕГА.

ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ