БРАНКО ТРИЧКОВСКИ
Цивил прашува: Што за нашата држава значи назначувањето на Шекеринска за втор човек на НАТО?
Еве што им одговорив:
Именувањето на Шекеринска значи дека нормалниот дел од Македонија, оној кој ја смета европскоста за битен дел на својот идентитет, толку битен што без него не би постоела целината на македонското национално битие, е живо, не е здробено во мелницата на комитската простоќа и глупоќа, не е задушен во гасната комора за претворање на Македонците во трупови за затворање на хоризинтот. Верувам дека ќе има и одредено позиривно влијание врз делот кој е шашардисан од прејадување на пропагандните печурки на вмро.
Не така одамна главна парола беше дека “промената на ставот може да ги промени луѓето”.
Мислам дека именувањето на Шекеринска може да има влијание врз промената на ставот кој некои луѓе односно кон промена на нив како луѓе во најпозитивна смисла.
Но, остануваме далеку од промените кои би ги обележиле целата заедница и целата држава.
Многу е важно што Шекеринска ги танкираше пумпите со кои ќе можеме да продолжиме да ја вадиме водата што не поплави во вморонското цунами.
Од Фејсбук ѕидот на авторот