• Latest

Вчерашната средба на македонско-бугарската Мешовита комисија заврши без резултати

December 5, 2020

Лени Фрчкоска и Марта Стевковска ја добиja наградата „Гласник на невидливите“ за сторијата „Женското е туѓа фамилија“

June 17, 2026
Фон дер Лејен, Зеленски, Кошта (фото извор: Кабинет на Претседателот на Украина)

Украина цврсто на патот кон ЕУ: Во услови на брутална агресија, под постојан напад врз цивилите – првиот кластер во пристапните преговори е отворен

June 17, 2026
European Union, 2023 - Source: EP - Laia Ros

Меѓу домашните слабости и европските преседани: Што навистина значи извештајот на Европскиот парламент за Северна Македонија?

June 17, 2026
Претседателката на Република Северна Македонија, Гордана Сиљановска Давкова (фото извор: ФБ страница на Претседателката)

ОДГОВОР БЕЗ ОДГОВОР: Кабинетот на Сиљановска-Давкова избегнува да одговори конкретно на прашања за шпионската афера, кабинетот на премиерот и понатаму молчи

June 16, 2026

Андонов прв ја отвори можноста за референдум за уставните измени

June 16, 2026

Граѓански форум: Длабока недоверба кон политичките партии

June 16, 2026
Илустрација ВИ

Мировниот договор меѓу САД и Иран ја намали цената на нафтата, но неизвесноста останува

June 15, 2026
Фотографија: Платфрома Х, Н..Е. Лариса Дир, амбасадорка на Украина во Северна Македонија

Нови жестоки напади врз Украина: Загинати и повредени во Кијив, оштетена Кијево-Печерската лавра и уништено студиото „Довженко“

June 15, 2026
Скопски безбедносен форум 2026(Фотографија: ЦИВИЛ Медиа)

Безбедносен форум Скопје 2026: Западен Балкан како архитект на стабилноста во новата безбедносна реалност

June 15, 2026

(РАЗОТКРИВАЊЕ) Дезинформациите за „био-лабораториите“ во Украина: Како се шири лагата во САД

June 15, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ВЕСТИ

Вчерашната средба на македонско-бугарската Мешовита комисија заврши без резултати

December 5, 2020 09:20
in ВЕСТИ, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Дводневната 11 средба на македонско-бугарската Мешовита комисија за историски и образовни прашања, заврши без резултати, информираа на онлајн прес-конференција копретседавачите на Комисијата, македонскиот Драги Ѓоргиев и бугарскиот Ангел Димитров.

-Треба да констатираме, за жал, дека  11-та средба е нула, нема направено дури ни еден минитјатурен черкор. Сигналите кои веќе ги имавме денешната средба за жал ги потврди, а една од нив е поврзана со на прв поглед технички момент, но суштински политички.Тоа е откажувањето на нашите колеги по 7. средба да ги потпишуваат записниците. Тие настојуваа насекаде да се стави македонски. Но, блокирајќи го потпишувањето на записниците се става под сомневање нашата рабпота бидејќи без документ за тоа кои дискусии се водени, какви одлику се донесени, работите изгледаат несигурни и кажуваат за немање желба да се работи поинтензивно и со повеќе резултати. За жал, нашите опсервации покажуваат дека оваа нова позиција на нашите колеги е дел од еден политички однос, од едно убедување за дискредитирање на Бугарија и на државните позиции кои почнаа минатата година, рече Ангелов..

Според него, по однос на суштината на нивната работа, се зборува во Македонија дека Комисијата  решила три периоди и се споменува освен старата историја, средниот век дури и раниот период на османливоството на Балканот, но вели, ние сме многу далеку во врска со учебниците кои ги добиваат учениците во 7 одделение за средниот век.

-Нашите забелешки беа околу 14 точки, ние сме на 4. точка. Поврзана е со цар Самоил и заврши без резултат и покажува отстапување од веќе подготвен заеднички текст за двете влади за заедничко чествување на една ваква историска личност. Многу би сакал наредната година ако работиме целосно навистина да го направиме тоа што се очекува од нас поради потпишаниот Договор за пријателство, рече Димитров.

Драги Ѓоргиев рече дека средбата помина во академска атмносфера со плодна и многуслојна дискусија која, наведе, за жал, не донесе никакви резулати.

– Во тој поглед можам да се сложам со Димитров дека и нема резултати од средбата, но понекогаш  кога нема резултати и тоа покажува нешто, рече Ѓоргиев.

Потврди дека добар дел од средбата бил посветен на два записника од 9. и 10. средба, а главен проблем бил употребата на придавката македонски, а е поврзана со различно толкување на Преспанскиот договор, од бугарските колеги.

-Тоа беше внесено во Комисијата после 6.средба, нашата страна не беше информирана за тоа, но бугарските колеги почнаа да го практикуваат тој начин на правење записници без притоа тоа да биде споделено со нас и да биде известено и нашето Министерството и можеби консултациите со Министерството ќе придонесеа да се надмине проблемот. Засега останува проблемот со придавката македонски. За тоа се разговара и на повисоко ниво и се надевам дека ќе се најде решение, рече Ѓоргиев.

Во врска со работатата на Комисијата за претствувањето на Цар Самоил и Самоиловата држава  во учебниците по историја за 7 одделение, не е постигната согласност, а главниот проблем според него, е во тоа што се избегнува внесување на една мултиперскептивност во учебниците по историја.

-Идејата да се наметне само едно видување на таа држава всушност резултираше со непостигнување резултати. Беа разменети неколку варијанти и предлози за тој дел од нашата историја, но се покажа дека имаме апсолутно споротивставени гледања за тоа како треба да се пишуваат препораките до нашите влади и како би требало да изгледаат идните учебници во РС Македонија и во Р Бугарија.Тука зборуваме речиси на различни јазици, и инсистирањето да се наметне едно гледање на одреден настан и се судија во случај на Цар Самоил и поради тоа не беше постигната никаква согласност, вели Ѓоргиев.

Во однос на Гоце Делчев на состанок било разговарано многу малку, и немало никакво поместивање во однос на дебатата за заедничко чествување на неговиот лик и дело..

За придавката македонски, Димитров реплицираше дека воопшто не станува збор за бугарско гледање на Преспанскиот договор, туку, вели, се работи на замена на теза, односно се инсистира дка во работата на Комисијата некој го става под сомнеж идентитетот и јазикот на граѓаните на РМ.

-Тоа не е вистина. Ако има некои забелешки тие се поврзани со патот кон формирањето на нацијата и идентитетот и таа истоисторија што ја има еден современ јазик тоа се два квалитета на различни работи и не треба шпекулации со емоции на луѓетото, рече Димитров.

Двајцата копретседатели потврдија дека имаат различлни начини на гледање кон интерпретацијата на минатото кон средниот век како и за Цар Самоил.

ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ