• Latest

Ветингот како вонредна мерка ќе создаде вонредни проблеми, искуствата од регионот укажуваат на потребата од внимателност

March 6, 2020

БОИШТЕ НА НАРАТИВИ (5): Стратешки препораки за зајакнување на институционалната и граѓанската отпорност

November 9, 2025
Скриншот од видео на
The Telegraph

Што доби – и што не доби Орбан од Трамп

November 9, 2025

Кремљовскиот режим на тортура

November 9, 2025

БОИШТЕ НА НАРАТИВИ (4): Траекторија на ризикот за следните 3-6 месеци

November 9, 2025
Поранешниот претседател на Северна Македонија, проф. д-р Стево Пендаровски и директорот на IGES, д-р Аднан Капо. Фото: IGES

Пендаровски: Ниту една земја што се затворила не станала голема, изолацијата не е добра

November 9, 2025

БОИШТЕ НА НАРАТИВИ (3): Индикатори и сигнали за рано предупредување за Северна Македонија

November 9, 2025

Супорт Кочани распредели околу 11 милиони денари на 137 лица, држата наплати 1 милион денари данок од собраната помош

November 9, 2025
Фотоколаж од Фејсбук на Окомура и Х на Јана Чернохова/ Expatz.cz

Отстранувањето на украинското знамето му се врати како бумеранг: На чешкиот парламент сега се истакнати уште повеќе сино-жолти знамиња

November 9, 2025

БОИШТЕ НА НАРАТИВИ (2): Прокси мрежи и локални овозможувачи, стратешки ранливости на Северна Македонија

November 9, 2025

Русија врбува агенти и провокатори за субверзивни активности во западна Европа: Како се спроведуваат хибридните операции

November 9, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ОПШТЕСТВО

Ветингот како вонредна мерка ќе создаде вонредни проблеми, искуствата од регионот укажуваат на потребата од внимателност

March 6, 2020 16:00
in ВЕСТИ, ОПШТЕСТВО
Share on FacebookShare on Twitter

Ветингот како вонредна мерка ќе создаде вонредни проблеми, особено што кај нас беше најавен во предизборен контекст, нејасно дефиниран и затоа не може да се зборува за резултати од тој процес. Искуствата од регионот укажуваат на потребата од особена внимателност и сеопфатна дебата за процесот на ветинг, додека според експертите подобро решение за нашите околности е проверка на интегритетот и капацитетот преку постоечките институции.

Ова се пораките од дијалогот за политики „Ветинг – наметната или изводлива опција за Република Северна Македонија“, што се одржа денеска во Скопје во организација на Институтот за европска политика – Скопје (ЕПИ).

Малинка Ристевска Јордановска од Институтот за европска политика, обидувајќи се да резимира по дијалогот рече дека најважно од целата дебата е што ние се уште не знаеме за каков ветинг имаме залагање.

„Имаме залагања од политички партии и од одредени стручни лица, додека од друга страна имаме големи спротивставувања на ветингот, имајќи предвид дека во нашата држава веќе подолго време функционира една солидна законски и институционална рамка, која што треба да овозможи редовност во правилниот избор и одговорноста на судиите“, изјави Јордановска.

Според судијката Мирјана Лазарова Трајковска, целта на едно прочистување на судството треба да биде јакнење не само на судството и довербата во судството, туку и на институциите кои имаат надлежност да работата на прочистување на судството од судии кои се корумпирани или поврзани со криминални елити.

„Нашиот проблем е слабото функционирање на институциите генерално. За да дојде до видливост дека нешто не е во ред со судството, тоа само по себе повлекува дека институциите кои што го носат предметите во судството и самите не функционираат онака како што се очекува во една земја со демократски механизми. Треба да се исчистат институциите од непрофесионалци. Долго време институциите, не само во правосудниот систем, туку и во државната управа, администрацијата и полицијата се полнеа со партиски кадри и луѓе без потребно знаење и искуство. Сега е момент да им се помогне на тие институции да ја свртат страницата кон професионализмот, да останат оние што се кадарни да се носат со задачите кои им се доверени“, изјави Лазарова Трајковска.

 

Судијата Владимир Туфегчиќ, кој присуствуваше на дијалогот, повика на почитување на независноста на судската власт, укажувајќи дека политички консензус за нешто во судство не може да се постигне никогаш, зошто тие две работи не се споиви. Смета дека ветингот е несоодветно решение, особено што произлегува од политичка дебата во која не се прави разлика помеѓу совесното работење и стручноста со корупција, посочувајќи дека и досега институциите можеле и требале да го следат работењетоа на судиите.

 

Од друга страна, професорката Слаѓана Тасева, укажаа дека е неопходно да се види контекстот, каде сме и да се одговори зошто оваа тема повторно се отвора, особено што ние и во 2003 година имавме проверка на финансиска состојба на судии, но институциите очигледно не ги исполнија очекувањата.

На форумот учествуваа претставници од правосудниот систем, од Министерство за правда, Здружението на судии, од политички партии, претставници од граѓански организации кои работат во областа на правосудството како и од дипломатските мисии во Република Северна Македонија.

Дијалогот се спроведува во рамки на проектот „Партнерство Јустиција: Враќање на довербата на граѓаните“, кој го спроведуваат Институтот за европска политика и Асоцијацијата ЗЕНИТ, а е финансиран од Европската Унија и кофинансиран од Владата на Република Северна Македонија.

Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Љубомир Костовски (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

    Избори во кои на Кочани му избраа градоначалник

    190 shares
    Share 76 Tweet 48
  • (ФОТО) Како ќе изгледа документот за идентификацискиот број за граѓаните на „Отворен Балкан“

    113 shares
    Share 45 Tweet 28
  • Од Русија со „братска љубов“: Срцепарателните изјави на Песков  во македонските медиуми

    100 shares
    Share 40 Tweet 25
  • „Ние сме далеку пред Албанија“ – Зошто оваа изјава на премиерот Мицкоски е важна за европската приказна на Северна Македонија

    98 shares
    Share 39 Tweet 25
  • Изгледа гатачката на Грујо ја вратиле во Царина, Мицкоски почна да споделува вести од иднината

    96 shares
    Share 38 Tweet 24
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ