• Latest

Ветувања за банкрот од грчки размери

February 19, 2020

Европска фасада, балканска кал: Илузиите за мултиетничко општество и национализмот, најпрофитабилни бизниси во заробената држава

June 21, 2026
Проф. д-р Оливер Андонов (фото: А. Мехмети/ЦИВИЛ)

Самит

June 21, 2026

Светски ден на бегалците, застрашувачка статистика: 118 милиони присилно раселени во 2025, бројката расте – ЦИВИЛ повикува на одбрана на оние што бегаат од војна

June 20, 2026
ЈАС И ИТАЛИЈА НИКОГАШ НЕ МОЛИМЕ | Премиерката на Италија, Џорџ Мелони (фото извор: ФБ страница на премиерката Мелони)

Мелони му возврати на Трамп: Јас и Италија никогаш не молиме (ВИДЕО)

June 20, 2026
Љубомир Костовски (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

Македонија и ЕУ: процес прекинат и заменет со маратон кон Недојдија

June 19, 2026
Прослава, 36 години ВМРО-ДПМНЕ, Струмица, 17 јуни 2026 (фото извор: партиска веб страница)

Граѓански форум: Прославата на ВМРО-ДПМНЕ во коментарите се доживува како ароганција и раскош во време на сиромаштија

June 19, 2026

Амбасадорката Лариса Дир за ЦИВИЛ: Украина ја брани својата европска иднина и продолжува со реформите во услови на војна

June 19, 2026
Москва гори, 18 јуни 2026

Москва гори: Како украинските дронови системски ја рушат руската нафтена империја (ВИДЕО)

June 18, 2026

Отидовте ли на одмор СДСМ?

June 18, 2026
Струмица, 17 јуни 2026 (фото извор: партиска веб страница на ВМРО-ДПМНЕ)

ВМРО-ДПМНЕ за пет минути „одговори“ колку чинела роденденската прослава

June 18, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home СЛОБОДНА ЗОНА

Ветувања за банкрот од грчки размери

На практично не почната изборна кампања, веќе силно забрефтаа предизборните лицитации. Наративи на ветувања без покритија. Велат хартија трпи се`. Од тоа малтретирање нема да бидат поштедени страниците и на годинашниве изборни партиски програми.

February 19, 2020 11:12
in СЛОБОДНА ЗОНА
Share on FacebookShare on Twitter

пишува: ЗОРАН ИВАНОВ

На практично не почната изборна кампања, веќе силно забрефтаа предизборните лицитации. Наративи на ветувања без покритија. Велат хартија трпи се`. Од тоа малтретирање нема да бидат поштедени страниците и на годинашниве изборни партиски програми.

Рано е, па сепак се насетува дека се завршени големите теми како Преспанскиот, Уставот, името, НАТО, ЕУ, патриоти, предавници. Посебно откако на темата Преспански од скопското Кале го повлекоа за уши претседателот на ВМРО-ДПМНЕ по што, со ветувањата дека ќе го менувал, тој молкна на таа тема. Предизборните реторики веднаш ги префрли на неостварливо високи плати и на уште понеостварливи мошне крупни капитални инвестиции. Сега откако Вашингто ја прешалтува реториката на опозицијата од Преспанскиот на економијата, видливо е дека главните партиски одмерувања на силите ќе се вртат околу економијата, социјалата, стандардот.

Овде СДСМ има со што да се пофали. Таа политика на покачување на платите, пензиите и социјалните придонеси, како и на разните субвенции за бизнизмените за вработувања и воопшто таа партиска филозофија за парите кај граѓаните, залепи. Статистиките и анкетите покажуваат дека луѓето препознаваат и чувствуваат дека барем нешто во таа насока мрднало на подобро. Очекувано, на таа сигурна карта СДСМ ќе продолжи да нуди нови мерки.

ВМРО-ДПМНЕ пак, од старт, освен конкурентското и исто така популистичкото дека платите и пензиите ќе ги качи до небо, нуди и крупни инвестици од цели две милијарди евра за автопати и пруги. Тема која не баш ги допира луѓети и со која есапот за стандардот не излегува. И лаик за економија ќе пресмета дека од четири милијарди евра годишен буџет, само четвртина да се троши за капитални инвестиции, би значело дека или ќе нема пари за плати и за пензии или ќе има нови кредити на веќе презадолжената држава и нови даночни зафаќања за нивно враќање.

А автопатот, пругата, големите хидроцентрали, инвестициите во обновливи енергетски извори, во екологијата и слични развојни теми се потребни и убави за уво. Но погубни за плиткиот џеб на просечниот македонски граѓанин. Овие крупни инвестициски најави не ги собира во џебовите на луѓето. Пругата и автопатот не минуваат низ маркетите и низ зелените пазари. Таму врват само денарите на луѓето.

Се на се`, како и да се растегнува државната каса, таа е со многу плитко дно. Тие четири милијарди евра веќе се распослани меѓу бирократите и администрација, пензиите и социјалата, здравството и образованието, полиција и војската, екологијата, спорт и на што уште не. Сите други капитални инвестициски приказни веќе се кредити за генерациски раздолжувања.

Затоа, ајде поскромно зашто таквите ветувања водат кон банкрот од грчки размери.

 


Сите права се задржани.  Услови за користење, авторски права и заштита на приватноста.

ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ