• Latest

Ветуваше електрични автобуси, останува без никакви, Арсовска го изневери и Ленин

November 21, 2022

Деца и училишни ресурси како алатка за кампања во Пробиштип!

October 28, 2025
Мобилни единици за дронови пукаат врз руски дронови што се движат кон Кијив на 3 јули 2025 година. Фото: Олекандр Рихлички/Генерал штаб на Украина/Телеграм

Извештај на ОН ја обвинува Русија дека користи дронови за лов на цивили во близина на фронтот и ги принудува да ги напуштат своите домови

October 28, 2025
Фотографија: Скриншот од седница на ДИК

ДИК ги објави конечните резултати за вкупно 44 општини, во 33 општини ќе има втор круг на гласање, во три избирачки места за советници во Шуто Оризари ќе се повтори гласањето

October 28, 2025
Hamas releases Israeli hostages
source> CBS video

Спорот околу трансферот на заробеници од Хамас се претвора во „политички театар“

October 28, 2025
Скриншот од видео на Meanwhile in Ukraine. Facebook

(ВИДЕО) Италијански сенатор го нарече Џефри Сакс лажго и пропагандист на Путин

October 28, 2025
Фото: Wikimedia commons

ЕУ ги осуди израелските напади врз мировници на ОН во Либан

October 28, 2025

Арсовска шири лажни вести: Директорот на „Комунална хигиена“ сè уште е во притвор и не потпишувал „во срце и душа сум ВЛЕН“

October 28, 2025
ВЛЕН
Фото: Фб страница на Зеќирија Ибрахими

ВЛЕН со едногласна поддршка на Касами за втор мандат во Тетово

October 28, 2025
Фотонтажа: Користени фортографии од Лукоил Македонија/Фејсбук

Лукоил ги продава своите филијали во странство по санкциите на САД, македонската подружница сé уште молчи за прашањата на ЦИВИЛ

October 28, 2025

Косово се соочува со ризик од буџетска парализа, предупредуваат финансиски експерти

October 28, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ОПШТЕСТВО

Ветуваше електрични автобуси, останува без никакви, Арсовска го изневери и Ленин

November 21, 2022 14:37
in ВЕСТИ, ОПШТЕСТВО, ТОП 5
Share on FacebookShare on Twitter

Скопјани се повторно жртви на потфрлањето во менаџирањето со Градот. Утринава стотици жители се соочија со проблеми при користењето на јавниот автобуски превоз, откако во штрајк стапија приватниците од „Слобода превоз“. Автобуси нема на градските линии 9, 12, 22, 23 и 45. Од „Слобода превоз“ засега сообраќаат само кон приградските населби, бидејќи таму ЈСП нема автобуси, па ако и тие ги укинат, граѓаните ќе бидат целосно отсечени од градот.

– Со крајни напори ќе се обезбеди редовен превоз на линиите: 11, 11а, 47, 55, 61, 63 и 73,  кои како приградски линии делумно се финансираат и од општините кои не се во состав на Град Скопје, за да не се случи поради неизвршување на тој превоз да имаат причина да престанат да ги уплаќаат средствата во ЈСП, соопшти вчера „Слобода превоз“.

Главната причина за штрајкот, според компанијата, се средствата кои Градот и ЈСП им ги должат за тие да можат непречено да функционираат, односно лошата финансиска состојба на сопствениците на автобусите, бидејќи со месеци се без плата, а ЈСП не го подмирува долгот од околу еден милион евра.

Првиот човек на „Слобода превоз“, Ленин Јовановски најави дека во опција е и поднесување претставка до Антикорупциска комисија , а можеби и тужба на адреса на директорот на ЈСП за злоупотреба на службена должност и овластување, заради тоа што парите наменети за приватните превозници, се пренасочуваат на друга страна. 

„Ние како приватни превизници, а не има од сите етникуми , политички партии и партиски неопределени ја поддржавме програмата за сообраќај на кандидатот за градоначалник на град Скопје, Данела Арсовска заради тоа што единствено таа во нејзината програмата не спомнува нас како приватни превозници и со конкретна поддршка за нас како такви. Ние приватните превозници без разлика на нашата политичка, етничка и верска припадност секогаш сме здружени и единствени во поддршката на се она што значи овозможување поквалитетни услови во нашето работење и отворени врати за соработка и можност да бидеме сослушани за проблемите со кои се соочуваме, без разлика од кого и каде тоа ни се овозможува. А тоа е она што за жал воопшто го немавме во изминатиот период, еденствениот феномен, нула средби со актуелниот градоначалник и директорот на ЈСП“, извести Јовановски, кој отворено ја поддржа Арсовска во нејзината кампања за градоначалник.

Јовановски во изборната кампања јавно ја поддржа Арсовска и нејзините главни ветувања во кампањата за бесплатен јавен превоз и 250 еколошки автобуси. Тој постојано беше во нејзиниот штаб на улица „Македонија“, а правеше и забави во неговото кафуле за поддршка на кандидатурата на Арсовска. На денот на изборите минатата година пред зградата на ВМРО-ДПМНЕ се играше оро и се пееја песни, а Арсовска ја пречека и ѝ честиташе токму Ленин Јовановски.

Сега, тој вели дека со градоначалничката Арсовска не се во блиски односи, а за сите проблеми со кои превозниците се соочуваат, градоначалничката го упатила да комуницира со секретарот во Град Скопје.

-Со градоначалничката Арсовска не сме толку блиски за да се слушаме на дневна база. Последниот пат кога ја побарав за проблемите со кои се соочуваме ми рече за сите прашања да комуницирам со секретарот на Градот. Тој е известен за нашата одлука и доколку до крајот на денот не се најде решение, утре дел од автобусите нема да ги има на улиците. Можеби на некој тоа и му е намерата, да престанеме да возиме и како што направија со ‘Макекспрес‘ и со нас да го раскинат договорот. Но, потоа скопјани ќе останат без јавен превоз, оти ЈСП немаат плус 200 автобуси за да ги заменат сите линии на кои возиме ние приватниците, изјави претходно Јовановски.

 Од Град Скопје пак, денеска го повикаа приватниот превозник „Слобода Превоз“ да ги извршува своите договорни обврски.

-Апелираме до граѓаните да не веруваат на лажните вести и манипулациите кои во јавноста ги пласираат разни политички групации. Автобуси на ЈСП Скопје на линиите 9, 12, 22, 23 и 45 сообраќаат редовно и без задоцнување. Приватниот превозник „Слобода Превоз“ има обврска да ги почитува договорените обврски од јавен интерес, стои во соопштението од Град Скопје.

Оттаму посочуваат дека последниот месец се оценува квалитетот на работењето на приватнитте превозници согласно индикаторите за квалитет на работењето (редовност, хигиена, валидација на билети) поради се почестите поплаки на граѓаните за квалитетот на превозот од страна на приватните превозници.

Арсовска во многу краток период успеа да „расчисти“ со структурите од кои добиваше поддршка во кампањата. Ленин Јовановски е само уште еден во низата, откако таа претходно му „откажа љубов“ на претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, кој за време на кампањата не ги штедеше комплиментите на адреса на Арсовска. Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски ја најавуваше градоначалничката на Скопје, Данела Арсовска, како најдобра менаџерка во Европа, како жена борец која импонира со упорност, харизма и човечност, не пропушташе прилика да зборува во суперлативи во кампањата за локалните избори. Сега, за помалку од една година, за опозициската ВМРО-ДПМНЕ, Арсовска е криминалец и лажга. Мицкоски воедно беше предводник на нејзиното ветување за бесплатен јавен превоз и еколошки автобуси.

Прашан за случувањата со јавниот превоз, премиерот Димитар Ковачевски денеска дека кажа дека ова прашање треба да му се упати токму на Мицкоски.

–Тој пред само една година одеше по Скопје и кажуваше дека Скопје ќе ја добие најдобрата мајка и ќе стане најдобриот и најмодерен град во светот. Потоа, тој излезе на прес конференција и кажа дека ќе обезбедел бесплатен превоз за граѓаните и дека ќе купел нови електрични автобуси и дека ќе се изградела фабрика за електрични автобуси. Тоа беа негови зборови. Од тоа, не што нема ништо туку и превозот кој го имаше во Скопје го нема. Имаме трибини низ државата на кои што кажав дека обврска на оваа Влада е, особено на Влада предводена од СДСМ како политичка партија која се грижи и има вредности во својот фундамент за грижа за сите граѓани дека мора да помогне на сите граѓани во рамки на капацитети и можностите кои ги има, изјави Ковачевски.

 Поради заостанат долг, неодамна не возеа ниту автобусите на приватниот превозник „Макеспрес“ со кого Град Скопје го раскина договорот. На 20 октомври годинава, главниот град за првпат во историјата остана без јавен превоз, зашто не возеа автобусите на ЈСП „Скопје“, бидејќи вработените немаа земано плата. Инаку, колапсот во јавниот превоз се случува во првата година од мандатот на Арсовска, која изборите со поддршка од Христијан Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ ги доби токму со ветувањата за брз, модерен, еколошки и бесплатен автобуски превоз за сите граѓаните.

 

Print Friendly, PDF & Email
Tags: автобуски линииГрад СкопјеШтрајк
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Поранешен унгарски разузнавач по неодржувањето на средбата помеѓу Трамп и Путин: Она што сега изгледа како дипломатски успех, на долг рок ќе се претвори во сериозна трагедија

    132 shares
    Share 53 Tweet 33
  • „На Ѓупците треба да им се забрани да гласаат“ – советник од десничарската МААК со скандалозен расистички испад во Неготино

    127 shares
    Share 51 Tweet 32
  • Деца и училишни ресурси како алатка за кампања во Пробиштип!

    114 shares
    Share 46 Tweet 29
  • Изборите и коалицијата: ВЛЕН му го залула чунот на Мицкоски

    108 shares
    Share 43 Tweet 27
  • Лукоил ги продава своите филијали во странство по санкциите на САД, македонската подружница сé уште молчи за прашањата на ЦИВИЛ

    106 shares
    Share 42 Tweet 27
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ