Актерката Владанка Димковска за Иницијативата „Обединети во различностите“ испрати неколку прекрасни видео пораки во кои говори за предностите и убавините на различностите, за меѓусебното почитување кај луѓето од различни заедници во нашето општество.
Јас сум од Куманово по потекло. Тоа значи дека живеам во град со многу различности, така што имам многу примери, и позитивни и негативни. Имам многу другари и пријатели од различна етничка припадност и сметам дека полека ги надминуваме негативните и создаваме многу позитивни ситуации.
Ако сметаме дека треба да станеме член од големото европско семејство, тогаш и тоа како треба да се насочиме кон ширење на љубов наместо омраза, на било која основа, значи не само на етничка. Треба да се почитуваме повеќе и да почнеме да ги разбираме вистинските европски вредности, а тоа е да бидеме обединети во различностите сите заедно и да градиме едно општество за сите.
Ние младите мора да застанеме храбро и борбено во одбрана на различностите. Ние треба да покажеме дека ова општество може да биде обединето во своите различности и дека тоа е убавото. Ние младите сме клучот за едно општество за сите
ЦИВИЛ ги повикува сите граѓанки и граѓани да ги споделуваат содржините на Иницијативата „Обединети во различноста“ со позитивни пораки, но и самите да креираат текстови, фотографии и видеа со пораки и искуства на оваа тема.
#ОбединетиВоРазличноста
#TëBashkuarNëDallime
#unitedindiversity
Оваа содржина е дел од Иницијативата „Обединети во различноста“ посветена на промовирање на различностите како предност, богатство и квалитет на нашето општество. Иницијативата ја води ЦИВИЛ, со поддршка од Министерството за надворешни и европски прашања на Големото Војводство Луксембург.
Наодите, мислењата и другите онлајн содржини објавени од страна на ЦИВИЛ, односно Редакцијата ЦИВИЛ Медиа, не мора да значи дека ги одразуваат оние на донаторите или спонзорите на ЦИВИЛ и на медиумската платформа на организацијата.