Авторката Лиса Баута Шаќири во видео порака за Иницијативата „Обединети во различноста“ повикува да се обединиме во различностите.
Доколку не се занимававме со национализам, ние денеска ќе разговаравме за глобални прашања за унапредување на човештвото. Е сега, ако имаме аспирации за членство во ЕУ, треба да живееме во европски дух, обединети во различностите со сите. Да бидеме обединети во различноста и сите заедно да придонесуваме за развојот на нашето општество и држава.
Национализмот и меѓуетничката омраза ни одзема многу енергија. Сиот потенцијал што го имаме како народ што живее во оваа земја, со нашите сограѓани, со меѓусебна доверба и со заеднички дела независно од нашите различности, можевме да работиме малку повеќе и сета таа енергија да ја канализираме за нашата држава и општество да одат напред.
Во Европа, недостатокот на национализам не значи дека луѓето таму не си го сакаат народот или нацијата, напротив, тие промовираат вредности што ги имаат како свој бекграунд, и ги обединуваат во едно пошаренолико општество, и се развиваат како европска култура и општество.
ЦИВИЛ ги повикува сите граѓанки и граѓани да ги споделуваат содржините на Иницијативата „Обединети во различноста“ со позитивни пораки, но и самите да креираат текстови, фотографии и видеа со пораки и искуства на оваа тема.
#ОбединетиВоРазличноста
#TëBashkuarNëDallime
#unitedindiversity
Оваа содржина е дел од Иницијативата „Обединети во различноста“ посветена на промовирање на различностите како предност, богатство и квалитет на нашето општество. Иницијативата ја води ЦИВИЛ, со поддршка од Министерството за надворешни и европски прашања на Големото Војводство Луксембург.

Наодите, мислењата и другите онлајн содржини објавени од страна на ЦИВИЛ, односно Редакцијата ЦИВИЛ Медиа, не мора да значи дека ги одразуваат оние на донаторите или спонзорите на ЦИВИЛ и на медиумската платформа на организацијата.