• Latest

(ВИДЕО) Д-р Нино Васев обвинет за случај од 2019 година за починат пациент кој не бил навремено лекуван на Онкологија

September 5, 2023

Од Матрикс до агентската ВИ: Кога софтверот престанува само да одговара и почнува да дејствува

August 30, 2026

Ако нема штета, нема загадување и нема докази – што всушност остана од случајот „Мазут“?

August 30, 2026
Избирачко место во Исланд (фото извор: скриншот од видео на социјалните мрежи)

Исланд го отфрли враќањето на преговорите со ЕУ, „не“ води со 52,5 отсто наспроти 47,5 отсто „за“

August 30, 2026

ЦИВИЛ: Глорификацијата на Ратко Младиќ е напад врз жртвите, вистината и демократскиот поредок

August 30, 2026
Кијивска област, 29 август 2026 (извор: ДСНС)

Руски терор врз Украина: Најмалку 37 загинати и голем број ранети во Кијивска област, 30 часа непрекинат напад врз цивилите

August 29, 2026
Седиште на ВМРО-ДПМНЕ (фото Б. Јордановска/ЦИВИЛ)

До каде се реакциите на ВМРО-ДПМНЕ и ЗНАМ за четничкото дивеење на ДПСМ – или – колку е голема бруката?

August 29, 2026
Рејкјавик (фото извор: hiticeland.com)

Исланд на референдум за обнова на преговорите за членство во ЕУ – што е исто, а што различно од Западен Балкан?

August 29, 2026

Почна втората сезона на Eyes on Democracy: Украина и иднината на Европа (ВИДЕО)

August 28, 2026

СДА Македонија со остра осуда на величењето на воениот злосторник: Дали партнерите на ДПСМ во власта ја делат истата глорификација на воените злосторства на Ратко Младиќ!?

August 28, 2026

Генералот кој умре и продолжува да живее

August 28, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ПРАВДА

(ВИДЕО) Д-р Нино Васев обвинет за случај од 2019 година за починат пациент кој не бил навремено лекуван на Онкологија

September 5, 2023 15:56
in ВЕСТИ, ЗДРАВСТВО, ПРАВДА
Share on FacebookShare on Twitter

Поранешниот директор на Клиниката за онкологија доктор Нино Васев, денеска немаше коментар за состојбите на клиниката, каде во петокот истражните органи направија претрес и ги запленија медицинските истории на илјадници пациенти, за да истражат обележја на евентуални кривични дела. На новинарското прашање дали се препродавале лековите, одговор немаше.  Тој само кусо одговори дека сега не е време да се коментира. Во Кривичниот суд доктор Васев се појави за друг случај кој не е поврзан со петочниот претрес, во својство на обвинет за несовесно работење во службата, пренесува Слободен печат.

Случајот се однесува на пациент со малиген меланом кој починал во 2018 година откако не му била веднаш укажана медицинска помош.

Според обвинителството, доктор Васев не му одобрувал терапија на сега покојниот пациент со месеци, а на крајот го упатил сам да си ги набави лековите од Бугарија и овие дејствија ги презел и покрај тоа што не му бил ординирачки доктор на пациентот, туку ординирачки доктори му биле специјалистите Игор Стојковски и Марија Симоновска. Тие двајца се обвинети за несовесно лекување болни.

-Кривичната пријава против овие доктори ја поднело семејството на починатиот пациент со тешко карциномско заболување кој бил однесен на Клиниката за Онкологија и не бил соодветно третиран и лекуван. Односно, поради недоразбирања и погрешно воспоставени дијагнози не му биле дадени соодветни лекарства за лекување на болеста која била евидентирана на Клиниката и која што добила ординирачки доктор.Таквото нелекување и неукажување на помош на пациент според стандардите и според одредбите на Законот за здравствена заштита и Законот за заштита на правата на пациентите подлежи на кривична одговорност. Прашањето зошто не му биле давани лекови е прашање на мотивот на сторување на кривичното дело кој што не сме обврзани да го разбереме во моментот кога го поднесуваме обвинението. Но, доволни се фактите кои што значат елемети: дека одреден пациент со одредена потреба не бил лекуван според стандарди и одредби како што предвидува законот. Зошто е тоа така направено, кои се вистинските мотиви можеби ќе се одговори по завршувањето на оваа главна расправа, изјави обвинителката Лидија Раичевиќ.

На прашањето на „Слободен печат“ дали лекот е набавен преку државен тендер, таа посочи дека тоа не е предмет на обвиниението кое таа го застапува.

-Во овој случај се работи за лек кој што оштетените го купувале самостојно и биле упатени да го купуваат во соседна држава.  Но, суштината на дејствијата за кои што јас гонам е непрепишување на лек, недавање на лек. Откако лекот е купен во странство, тој е аплициран. Содржината на овие кривични дела е тоа што лекувањето не е навреме почнато, не е почнато на адекватен начин, појасни обвинителката.

Семејството само посочило дека им било кажано да го купат лекот од Бугарија, а дали лекот бил на листата терапии што ги набавува Клиниката или не, не е во ингеренции на обвинителството во овој конкретен предмет.

Предметот е оформен во 2021 година, истрагата ја водеше ОЈО самостојно без асистенција на МВР. Обвинението е поднесено во 2021 година. Оттогаш до денес се одвива главната расправа која е во напредна фаа. Одбраната во моментот предлага докази кои треба да се сослушаат и судот да донесе одлука.

Tags: Д-р Нино Васевобвинениеонкологија
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ