Градежните работници во понеделникот почнаа да го отстрануваат муралот на плоштадот Black Lives Matter Plaza во близина на Белата куќа по заканите на републиканците дека ќе го намалат финансирањето за транспорт доколку плоштадот не се преименува, објави Би-би-си, пренесува ЦИВИЛ Медиа.
„Можете да ископате бетон, но не можете да ја избришете историјата“, рече Дајан Бредли, жителка на ДЦ.
Демократската градоначалничка Муриел Боузер го смени името на плоштадот во 2020 година во Black Lives Matter Plaza, како укор за претседателот Трамп, кој распореди илјадници федерални трупи во градот за да се спротивстават на луѓето кои протестираа против убиството на Џорџ Флојд од страна на полицаец.
Преименувањето беше критикувано од локалниот огранок на глобалната мрежа Black Lives Matter, кое го нарече „перформативно одвлекување на вниманието од реалните промени во политиката“.
Д. Мишев