„Ова мора да биде Моментот на независноста на Европа.
Верувам дека ова е мисијата на нашата Унија.
Да можеме да се грижиме за сопствената одбрана и безбедност.
Да ја преземеме контролата врз технологиите и енергиите што ќе ги напојуваат нашите економии.
Да одлучиме во какво општество и демократија сакаме да живееме.
Да бидеме отворени кон светот и да избираме партнерства со сојузници – стари и нови.
На крајот на краиштата, станува збор за слобода и моќ да ја одредиме сопствената судбина.
И знаеме дека можеме да го направиме тоа“, истакна претседателката Урсула фон дер Лајен за време на нејзиниот говор за состојбата на Унијата во 2025 година.
Претседателката на ЕК за време на нејзиниот годишен говор за „состојбата на унијата“ пред Европскиот парламент во Стразбур, опиша еден турбулентен свет каде што „се цртаат бојни линии“ и „зависностите се безмилосно вооружени“ и побара единство на демократските сили во ЕУ.
Д. Мишев