Претседателот на Комитетот за вооружени служби на Сенатот на САД, Роџер Викер, во изјава за Си-ен-ен вели:
„Путин е воен злосторник. Тој треба да биде во затвор до крајот на својот живот, ако не биде погубен“.
Сенаторот Роџер Викер од Мисисипи е ден од двајцата истакнати републикански сенатори, заедно со сенаторот Џон Кенеди од Луизијана, кои го критикуваа рускиот претседател Владимир Путин и се чини дека се спротивставија со претседателот Доналд Трамп во врска со преговорите за мировниот договор за ставање крај на војната во Украина.
Драган Мишев