Израелските сили на Западен Брег врзаа ранет Палестинец за хаубата на воено возило за време на рација во градот Џенин.
Израелската војска соопшти дека нејзините сили го прекршиле протоколот со врзување на ранет Палестинец на предниот дел од нивното возило за време на рација на Западниот Брег, пренесува ББЦ.
Израелските одбранбени сили го потврдија инцидентот откако беше снимен на видео и споделен на социјалните мрежи. Во соопштението на ИД се вели дека мажот бил ранет во размена на оган за време на рацијата, во која тој бил осомничен.
Семејството на повредениот вели дека кога побарале брза помош, војската го зеле, го врзале за хаубата на нивниот џип и тргнале.
Поединецот на крајот бил пренесен на лекување во Црвената полумесечина. ИД соопшти дека инцидентот ќе биде истражен.
Очевидци кои зборуваа за новинската агенција Ројтерс го идентификуваа како локален жител и го наведоа како Муџахед Азми.
Н. Абдурахмани