Како да откриете кој е сериозен во она што се нарекува корпоративна општествена одговорност, а кој лажира? Ако земеме предвид дека секоја компанија, корпорација, па и малите бизниси, првенствено размислуваат за правење пари, дали се свесни дека како општествено одговорни можат да заработуваат многу повеќе? Дали нивната општествена одговорност е само макретиншки потег или тие навистина се свесни и совесни во однос на нивното социо-еколошко влијание?
Александар Мањин, консултант за одржлив развој, илустратор и Youtuber, создава илустрирани и анимирани видеа во кои на интересен начин ја објаснува моќта на паметниот пристап кон одржливост и како тоа ги менува животите на луѓето, бизнисот и заедниците на подобро.
Корпоративната општествена одговорност првенствено значи начин на само-регулација на компаниите за вклучување во филантропски и донациски придонеси во нивните организациски политики. Но, климатските промени, загадувањето и другите штетни влијанија врз животна средина ги алармира граѓанските организации кои почнуваат да вршат притисок за регулација и носење закони што ќе ги обврзат компаниите да известуваат за начинот на кој ги водат бизнисите.
Придобивки од корпоративната одговорност
1. Зголемен приход
2. Намалување на трошкот за енергија
3. намалување на отпадот4
4. Намалување на трошоците за материјали од дематеријализација
5. Зголемена продуктивност
6. Намалување на ризикот од отпуштање, жалби, поплаки од конзументите, лош рејтинг итн.
7. Иновации
Преку примерот со Икеа, Старбакс и Патагониа, Мињин во видеото покажува како, всушност, може да се препознае кој е корпоротаивно одговорен, а кој не.
Подготви: Б. Јордановска / ЦивилМедиа