• Latest

(Видео) Кочанско „Трајаново трло“, место на страв

April 26, 2021
„Марш за ангелите“, Скопје 15 ноември 2025
Фото: Ј. Ѓорѓиоски

Маршот за ангелите го разбуди Скопје – „Правда сега, без одлагање“

November 15, 2025

СПЕЦИЈАЛЕН ИЗВЕШТАЈ НА ЦИВИЛ ( дел 1): Стратешка слика и начинот на функционирање на екосистемот – актери и канали

November 15, 2025
Фото: Твитер

Започнува масовното производство на украинските беспилотни летала-пресретнувачи „Октопус“

November 15, 2025
Фотоколаж: Скриншот од time.mk и видео на baku.tv

Репетитивното објавување на изјавите на Песков – императив на некои македонски медиуми

November 15, 2025
Last Crude Oil Tanker at Shell Haven - geograph.org.uk - 605835.jpg Фото: wikimеdia commons

Ројтерс: Иран потврди дека е запленет танкер со петрохемиски товар

November 15, 2025
Фото: Скриншот од видео на ВВС

Американската војска планира поделена Газа со „зелена зона“ обезбедена од меѓународни и израелски трупи

November 15, 2025

Град Скопје воведува нов режим за изнесување отпад: ноќна забрана и казни до 50 евра

November 15, 2025
Фото: Ј. Ѓорѓиоски. Фронтлајн

„Марш за ангелите“ денеска во 12:05 во Скопје

November 15, 2025
Креирано со помош на ВИ

Судството под меѓународна лупа – меѓу критики и политичка одбрана

November 15, 2025

Поранешниот министер за правда Кренар Лога се повлекува од партиските функции во АА

November 14, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ЧОВЕКОВИ ПРАВА

(Видео) Кочанско „Трајаново трло“, место на страв

April 26, 2021 17:22
in ВЕСТИ, ОПШТЕСТВО, ТОП 5, ЧОВЕКОВИ ПРАВА
Share on FacebookShare on Twitter

„Цело маало живееме во страв. Сега нешто да тропне надвор ние се потресуваме мислиме дека еве пак ќе дојдат да нè нападнат“, вели Милица Иванова од кочанско Трајаново Трло во разговор со екипата на ЦИВИЛ која раскажа како „параполицајците“ го претепаа нејзиниот внук, ни крив ни должен.

„Домобрани“ односно параполиција се формираше по протестот кој се одржа на 8 април каде дел од жителите на Трајаново трло побараа од надлежните институции да преземат мерки да престанат кражбите и провалите во нивните куќи и дворови. Но, покрај барањата да престанат кражбите тие упатија порака и дека „само преку нив мртви“ ќе може да се изгради нова населба со типски куќи во кои се планира да се населат 28 семејства, односно стотина Роми кои нелегално живеат во Старата касарна во Кочани.

Тимот на ЦИВИЛ го посети Кочани по неколкуте инциденти што се случија во изминатиов период. Тие разговараа со градоначалникот Николчо Илијев, претставници на невладини организации, како и со неколку граѓан(к)и од Трајаново трло.

„Дваесетина лица со палки и со фантомки на главите пред десет дена го претепаа внук ми, ни крив ни должен, само што си дојде од работа. Без никакво објаснување, навечер дојдоа неколку мажи и почнаа да ги кршат прозорците од куќата и колата на внук ми. Внатре беа внук ми, жена му која сè уште заздравува од царскиот рез и малото бебе. Внук ми го зеде бебето во скут за да го заштити од стаклата кои летаа од прозорците, и додека клечеше тие со палки го удираа во телото. И снаата има модринка на окото бидејќи и нејзе ѝ удрија неколку шамари“, вели Иванова.

Таа додава дека Ромите што живеат во тоа маало веќе не поминуваат низ главната улица, бидејќи се плашат да не бидат претепани од „домобраните“. Таа вели дека до продавница одат криејќи се преку „козји“ патеки како да се во „турско време“.

Сите Роми не се крадци. Полицијата нека ги фати ајдуците кои крадат по куќите низ Трајаново трло. Велат Ромите крадат. Не, не крадат сите Роми. Ние по цел ден собираме по канти, сакаме чесно да си го заработиме лебот. Малку да е, ама халал да е. Не сакаме крадено. Тие што крадат, нека ги затворат, за тоа има полиција, суд…“, вели Иванова.

Градоначалникот на Општина Кочани, Николчо Илијев го осудува секое насилство, разбојништо, несогласување и непочитување на законите, но додава и дека случајот со тепаното дете во кочанско „Трајаново трло“ (на 11 април) е изолиран случај и не е поврзан со протестот каде што група граѓани на 8 април протестираа со барање да престанат кражбите и нападите во нивните домови.

Ваквото однесување во целата земја, а така и во општина Кочани, мора веднаш да престане! Граѓанското општество и јавноста во целост се повикани јасно и недвосмислено да ги отфрлат и да ги осудат говорот на омразата, дискриминацијата и насилството, повикува ЦИВИЛ.

За крај, треба да се упати јасна порака до јавноста: Омразата нема да исчезне преку ноќ, но може да запрат инцидентите, несогласувањата, дискриминацијата… Треба конечно системот да профункционира и да биде санкциониран секој што ќе се огреши пред законот и да одговара без разлика на неговата етничка, верска или политичка припадност. Да ги осудиме нападите и конечно да престане праксатра „секој да плаче врз својот гроб“.

пишува: Дехран Муратов
камера: Атанас Петровски
монтажа: Ариан Мехмети
фотографија: Ирена Крџиќ

Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Скриншот од видео на ДИК

    Локалните избори 2025 се официјално и конечно завршени, објави ДИК

    307 shares
    Share 123 Tweet 77
  • „Ние сме далеку пред Албанија“ – Зошто оваа изјава на премиерот Мицкоски е важна за европската приказна на Северна Македонија

    122 shares
    Share 49 Tweet 31
  • Богати странци плаќале по 80.000 фунти за „сафари викенд“ за да убиваат цивили за време на опсадата на Сараево

    103 shares
    Share 41 Tweet 26
  • Изгледа гатачката на Грујо ја вратиле во Царина, Мицкоски почна да споделува вести од иднината

    114 shares
    Share 46 Tweet 29
  • Вицепремиерот Стоиљковиќ со нервозна реакција на новинарско прашање од ЦИВИЛ – тенденциозна и потпалувачка порака на социјалните мрежи

    97 shares
    Share 39 Tweet 24
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ