ЦИВИЛ вчера (21 септември 2021) одржа онлајн прес конференција на која соопшти дел од извештаите, анализите и препораките за текот на изборниот процес. На прес конференцијата стана збор за наодите и другите информации од мониторингот на процесот на спроведување на локалните избори 2021. Во овој прилог ЦИВИЛ ги објави и своите препораки и информации за текот на изборниот мониторинг до крајот на процесот.
Текстот на извештајот и целосната снимка од пресот на македонски и албански јазик се објавени во текот на вчерашниот ден, под наслов ЦИВИЛ: Со „консензус“ се води предвремена изборна кампања, темите најчесто се општи, а не локални.