• Latest
Публиката извикува „оставете го Гренланд на мира“ за време на американската химна. Скриншот од YouTube reel/@crimlawuk

(ВИДЕО) Навивач извика „оставете го Гренланд на мир“ за време на американската химна на НБА натпревар во Лондон

January 19, 2026

Ден на Украинската Државност: илјадагодишно наследство и современа борба за слобода

July 16, 2026
Џабир Дерала (фото: ЦИВИЛ)

Дерала: Правото на глас повторно е алатка во рацете на моќните

July 16, 2026
Љубомир Костовски (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

ВМРО си ги брои гласачите од дијаспората како три од карти

July 16, 2026
Војо Маневски (фото: ЦИВИЛ)

Зошто велиме дека се потребни реформи кога не сакаме да се менуваме­?

July 16, 2026
Фото: МИА

Евроинтеграции: Проширувањето добива нова динамика, Македонија сè уште чека отворање на првиот кластер

July 15, 2026
Илустрација: ВИ

Нетранспарентен процес, без јавна дебата: Правото на глас и Изборниот законик – играчка во рацете на моќните

July 15, 2026
Фото: МИА архива

Изборниот законик останува заглавен: ЕУ и дијаспората во центарот на партиските судири за изборните реформи

July 15, 2026

Генерален ремонт на Изборниот законик (2)

July 15, 2026

Украина отвори нов преговарачки кластер со ЕУ: и во услови на брутална руска агресија, Кијив сигурно напредува кон членство

July 14, 2026

Коалицијата на волните формира антиракетен штит; Северна Македонија примена во отсуство; прорускиот Радев го повлече членството на Бугарија

July 14, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ВЕСТИ

(ВИДЕО) Навивач извика „оставете го Гренланд на мир“ за време на американската химна на НБА натпревар во Лондон

January 19, 2026 20:43
in ВЕСТИ, СВЕТ
Публиката извикува „оставете го Гренланд на мира“ за време на американската химна. Скриншот од YouTube reel/@crimlawuk

Публиката извикува „оставете го Гренланд на мира“ за време на американската химна. Скриншот од YouTube reel/@crimlawuk

Share on FacebookShare on Twitter

На вчерашниот натпревар на НБА во Лондон во О2 Арената, кошаркарски навивач јасно ги искажа своите чувства за контроверзните планови на Доналд Трамп за преземање на Гренланд од Данска извикувајќи „оставете го Гренланд на мир“ додека се пееше американската химна пред почетокот на натпреварот, пренесува британски Телеграф.

Извикот беше дочекана со овации и аплауз од публиката во О2 Арената, додека пејачката и актерка Ванеса Вилијамс продолжи да ја пее „Ѕвезденото знаме“ пред натпреварот помеѓу Орландо Меџик и Мемфис Гризлис.

Инцидентот се случува во услови на зголемени тензии меѓу Обединетото Кралство и САД околу плановите на Доналд Трамп да го преземе Гренланд.

Претседателот на САД вели дека сака да го преземе Гренланд од Данска за националната безбедност на неговата земја и се закани дека ќе воведе царини за земјите кои му се спротивставуваат. Велика Британија, заедно со седум други сојузници во НАТО, издаде соопштение во кое изразува солидарност со Данска и го обвини Трамп за „поткопување на трансатлантските односи“.

Како што пренесува Тајм, осврнувајќи се на прашањето како „многу сериозна ситуација“, британскиот премиер Стармер, отфрлајќи ја, барем засега идејата за одмазднички царини против САД, рече дека „трговската војна не е во ничиј интерес“ и нагласи дека негов приоритет е да дејствува во национален интерес на Обединетото Кралство.

Велика Британија е подготвена да им помогне на сојузниците на НАТО на тој фронт, вети Стармер, пред да изјави дека никаков план не може да се донесе без вклучување на Гренланд и Данска.

„Секоја одлука за идниот статус на Гренланд им припаѓа само на народот на Гренланд и на Кралството Данска. Тоа право е фундаментално и ние ќе го поддржиме“, рече Стармер, заземајќи јасен став против реториката на Трамп, која вклучува одбивање на Белата куќа да ја исклучи можноста за преземање на Гренланд со воена сила.

Д. Мишев

 

ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ