ПорталХ објави нова видео снимка од апсењето на новинарот Фуркан Салиу.
„Како беше уапсен новинарот на ПорталХ? Како пробаа да ги избришат материјалите и да го одземат телефонот? Како Министерот за внатрешни работи ги оправдува постапките на полицијата?“, пишува во објавата од ПорталХ.
ЦИВИЛ остро ја осуди полициската бруталност, и побара итно ослободување на новинарот и итна истрага за пречекорување на полициските овластувања и полициска бруталност.
ЦИВИЛ ќе продолжи да го следи настанот со посебно внимание, се со цел да се дознае вистината.