• Latest

(ВИДЕО) Петрит Сарачини: Национализмот нé враќа во минатото, време е да се обединиме за иднината

December 30, 2020
Wikimedia Commons / Picture of USA Flag taken on 2013 Independence Day Celebration The U.S Embassy Ghana's July 4th Celebration at the Embassy in Accra.

Американските сили нема да бидат распоредени на палестинските територии за време на спроведувањето на планот за примирје меѓу Израел и Газа

October 11, 2025

Британски авиони летале во мисија со САД и НАТО близу руската граница

October 11, 2025
Фото: Скриншот од видео на
PBS NewsHour

Најмалку 60 лица загинаа во напад со беспилотно летало врз бегалски центар во Судан

October 11, 2025

Мицкоски: Да за ЕУ и гаранции од Европскиот совет, не за билатерални услови

October 11, 2025

Русија ја нападна енергетска и цивилна инфраструктура во регионот Одеса, едно лице е повредено

October 11, 2025

Литванија, Летонија и Естонија подготвуваат планови за масовна евакуација

October 11, 2025

Прекин на огнот во Газа: ОН ќе испорачаат 170.000 тони помош, се очекува ослободување на 48 заложници до понеделник

October 11, 2025
Илустрација ВИ

Засилена изборна кампања за локалните избори недела дена пред изборниот молк

October 11, 2025

Oдбележување на Денот на народното востание

October 11, 2025
Фото: МИА

САД ќе воведат нови дополнителни царини од 100 проценти на увозот од Кина,

October 11, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home МУЛТИКУЛТУРА

(ВИДЕО) Петрит Сарачини: Национализмот нé враќа во минатото, време е да се обединиме за иднината

December 30, 2020 14:30
in ВЕСТИ, МУЛТИКУЛТУРА, ТОП 5
Share on FacebookShare on Twitter

Новинарот и активист Петрит Сарачини со видео порака за Иницијативата „Обединети во различноста“.

ЦИВИЛ МЕДИА: Што мислите за национализмот и етничката омраза?

САРАЧИНИ: Национализмот и етничката омраза се можеби најголемото зло со кое се соочува модерното општество секаде во светот денес. Тие се емоции, дејствија, организирани дејствија од центри на моќ, под кои што потпаѓаат луѓе насекаде во светот, и кои што навистина се едно од главните пречки зошто човештвото не напредува онака како што би можело да напредува.

Национализмот и меѓуетничката омраза создаваат поделби меѓу луѓето, ги деконсолидираат и ги поделуваат општествата, и со тоа општествата немаат можност заеднички да одговорат на предизвиците на денешното време.

За жал луѓето наместо тоа, ја трошат енергијата и многу ресурси, не само луѓето, целото општество троши многу ресурси во борба и справување со национализмот, а тие ресурси таа енергија, тие дејствија, тие работни часови на крајот на денот, може многу подобро да се искористат за да се направи нешто што е добро за сите нас заеднички.

ЦИВИЛ МЕДИА: Имате ли личен пример, позитивен или негативен, со кј ќе го илустрирате Вашето мислење, односно искуство?

САРАЧИНИ: Не би сакал многу да зборувам за негативните примери, едноставно може да свртиме да видиме неколку месеци наназад како некои центри на моќ одредени медиумски структури одредени политички структури, ја злоупотребуваа пандемијата со Ковид за да и дадат меѓуетничка или некаква националистичка димензија. Се обвинуваа луѓе од различни етнички групи дека тие се причинители за зголемување на бранот на Ковид-19, а всушност сите луѓе кои што не внимаваат се тие кои што придонесуваат за зголемен број на заболени и на луѓе кои се допрени од оваа болест, а не некој од одредена етничка заедница, едноставно луѓе што не внимаваат имате во сите етнички заедници, како што имате и луѓе што внимаваат на болеста во сите етнички заедници. Многу повеќе би сакал да зборам за позитивните примери.

Во мојата 25 годишна работа во јавноста како медиумски работник, како новинар, уредник, продуцент, итн. Имам многу позитивни искуства со структури, редакции, организации коишто работат во мултиетнички контекст, во интер-културен контекст, почнувајќи од ЦИВИЛ, која е организација којашто повеќе од 20 години работи не поради тоа што така некој рекол, туку самата организација твори во еден интер-културен контекст, таа е мултиетничка организација, работи проекти кои ги инволвираат сите етнички заедници, и тоа не како бројки или како проценти, туку како луѓе коишто суштински придонесуваат во работата на ЦИВИЛ.

Слично искуство имам и со мојата работа во Лајф радио, исто така тоа беше едно радио кое што беше билингвално, македонски, албански јазик се користеше, но контекстот кој што ние го дававме беше, интеркултурен. Зборувавме за работите што заеднички не интересираат, младите луѓе, луѓето кои што учествуваат во културниот живот, во музиката, во сите области во општественото живеење каде што има некаква интеракција помеѓу луѓето.

Има многу такви примери во нашата земја во Северна Македонија, мислам дека треба повеќе да ги истакнуваме, од нив да градиме парадигми или примери кои што ќе бидат употребени од целото општество за тоа како навистина може работите да се прават и подобро и заеднички.

ЦИВИЛ МЕДИА: Колку и на кој начин национализмот етничката омраза се штетни за општеството и за ЕУ аспирации? На кој начин тие појави се спротивни на европските вредности?

САРАЧИНИ: Ако го земете национализмот и што всушност тој предизвикува, тој предизвикува поделба, помеѓу луѓето, тој предизвикува нееднаквост помеѓу луѓето, тој предизвикува доминација на одредена етничка заедница или одредена општествена група врз друга. Од самите овие работи ние гледаме дека тоа е суштински спротивставен на она што го нарекуваме европски вредности.

Правда за сите, слобода за сите, еднаквост за сите, ако тргнеме од тие постулати национализмот не е тој кој што вели дека треба да има правда за сите, туку ја замислува правдата само како правда кон сопствената етничка заедница која што секогаш е во право а тие другите се нели тие кои се грешници, кабаетлии или виновници за нешто што се случува на етничката заедница. Ако ја земеме слободата како парадигма, националистите не ја гледаат слободата како слобода за сите, туку ја гледаат пред се како слобода за сопствената етничка заедница или општествена група, често пати на сметка на слободата на некој друг.

Ако ја гледаме еднаквоста, националистите не ја сакаат еднаквоста, тие мислат дека, како што вели Орвел, дека некои се поеднакви од другите, сметаат дека нивната етничка заедница е привилегирана, тоа го прават од позиција на моќ, не од позиција на одбрана од некој туѓ напад, туку од позиција од која што сака да наметне доминација над некоја друга етничка заедница. И придобивките, повторно ќе се навратам на Орвел, на неговите белешки за национализмот, придобивките честопати не се лични, туку целта сама по себе е моќта и доминацијата на таа општествена група во која од одреден индивидуалец ја потонал својата индивидуалност, или станал дел од некаков колективитет.

ЦИВИЛ МЕДИА: Која е вашата порака до јавноста?

Сарачини: Национализмот не дели и не враќа во минатото. Да се обединиме во различностите и да одиме кон иднината.

 

ЦИВИЛ ги повикува сите граѓанки и граѓани да ги споделуваат содржините на Иницијативата „Обединети во различноста“ со позитивни пораки, но и самите да креираат текстови, фотографии и видеа со пораки и искуства на оваа тема.

#ОбединетиВоРазличноста
#TëBashkuarNëDallime
#unitedindiversity

 


Оваа содржина е дел од Иницијативата „Обединети во различноста“ посветена на промовирање на различностите како предност, богатство и квалитет на нашето општество. Иницијативата ја води ЦИВИЛ, со поддршка од Министерството за надворешни и европски прашања на Големото Војводство Луксембург.



Наодите, мислењата и другите онлајн содржини објавени од страна на ЦИВИЛ, односно Редакцијата ЦИВИЛ Медиа, не мора да значи дека ги одразуваат оние на донаторите или спонзорите на ЦИВИЛ и на медиумската платформа на организацијата

 

Print Friendly, PDF & Email
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Фото: Скриншот од видео на N1

    Вучиќ, со „нож во грбот“од Ердоган, го врти другиот образ: Од обнова на Отоманската империја до „пријатели и партнери“

    101 shares
    Share 40 Tweet 25
  • Андонов: Имаме многу необразовани членови во политичките партии, дел од тие стануваат и функционери

    94 shares
    Share 38 Tweet 24
  • Украински дронови нападнаа повеќе воени и индустриски објекти низ Русија далеку од фронтот, експлозии во една од најголемите фабрики за експлозиви

    91 shares
    Share 36 Tweet 23
  • Украински дронови го погодија најголемиот нафтен терминал во окупираниот Крим, предизвикувајќи огромен пожар

    90 shares
    Share 36 Tweet 23
  • Грузиската полиција се судри со демонстранти кои се обидоа да влезат во претседателската палата во Тбилиси

    88 shares
    Share 35 Tweet 22
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ