По експлозијата во трикатна станбена зграда што одекна во текот на ноќта во Хаг, делумно се урна дел од зградата, а остатокот го зафатил пожар кој се уште не е целосно изгаснат. Според локалните медиуми досега четири лица се извлечени живи од урнатините, а се трага по останатите жртви.
Hulpdiensten massaal uitgerukt na explosie in Den Haag pic.twitter.com/SnbMCCNooe
— MvGruijthuijsen (@GruijthuijsenMv) December 7, 2024
Според спасувачките екипи, се уште не се знае колку луѓе се заробени под урнатините, ниту пак што ја предизвикало експлозијата во оваа зграда која се наоѓа недалеку од центарот на градот. Се стравува дека најмалку 20 лица загинале како последица на експлозијата и последователниот пожар што зафати трикатна станбена зграда во хашкото предградие Тарвекамп.
Ravage vanaf de elfde verdieping. #Tarwekamp @omroepwest pic.twitter.com/2hzfJZ95y2
— Dennis van Schie (@DennisvanSchie) December 7, 2024
Градоначалникот Јан ван Занен го посети местото на несреќата за да ги координира напорите за спасување, според локалниот медиум Regio15.
М. Д.