Новоизбраниот претседател на САД, Доналд Трамп, објави дека ќе биде формирано ново тело за владина ефикасност што ќе го предводи најбогатиот човек на светот, Илон Маск. Оваа објава, Трамп ја искористи за да им одговори на критичарите дека Маск ќе ја води државата, често нарекувајќи го „претседателот Маск“, објави ЦивилМедиа.
Трамп беше ироничен во својата изјава, и се обиде да ја сврти ситуацијата на шега. Тој рече дека Маск не може да биде претседател на САД.
„Знаете ли зошто? Не е роден во оваа земја, ха-ха-ха!“ – рече Трамп.
Илон Макс донираше повеќе од 270 милиони долари за претседателската кампања на Доналд Трамп и ја стави социјалната мрежа Х целосно на располагање за потреби на кампањата. Во изминатиот период често излегува во јавноста со сопствени ставови и најави за политиките на новото водство на САД по инаугурацијата на Трамп на 20 јануари.