Со видео порака, се јави пратеникот на Беса, Касатриот Реџепи, кој денеска беше повикуван од Касами, Мицкоски, Села и други да се појави во Собранието, зашто наводно биле загрижени за неговата безбедност.Тој вели дека е на сигурно, на вистинската страна, на страната на албанскиот народ и на страната на сите граѓани во Северна Македонија кои сакаат мир, стабилност и демократија.
Ви ја пренесуваме видео пораката на Реџепи во целост:
„Почитувани граѓани, најпрвин, Ви благодарам за поддршката. Сигурноста и безбедноста на државата, како и мирот и благосостојбата на нашиот народ, федфинитивно мора да ни бидат најважни за сите.
Претседателот Билал Касами и другите, немаат потреба да се грижат за мене. Јас сум на сигурно место, на вистинската страна, со албанскиот народ и со сите граѓани во Северна Македонија кои сакаат мир, стабилност и демократија. Јас сум со ЕУ и НАТО, а не со анти-албанските кругови.
Ви го зборувам ова со полна совест, а штом поминат ризиците од заканите на неколку индивидуи, ќе се појавам пред медиумите одговарам и ќе ги објаснам сите работи.
Секогаш ќе се ангажирам за слободата на говорот, за слободен став при донесувањето одлуки, што се доблести на демократски општества.
Господ да ги благослови Албанците, Македонците и сите што живеат во Република Северна Македонија.“, вели Реџепи во видеопораката.
Покренувачите на Иницијативата, ВМРО-ДПМНЕ, Алијанса на Албанците и Алтернатива, Левица и Беса го немаат потребното мнозинство за гласање недоверба на Владата, откако стана јасно дека пратеникот Кастриот Реџепи од Беса не присуствува на седницата иако е потпишан на иницијативата.