Петрит Сарачини, претседател на ИМА; активист и долгогодишен новинар, во Отвореното студио на ЦИВИЛ со свој коментар и реакција за инцидентот во Канал 5, оцени дека се гледа, не секаде, во дел од меидумите недостигот од уредувачката автономија од менаџментот, односно сопствеништовото на медиумот.
„Ваков настан на вклучување на менаџментот на телевизијата директно во емисијата, барање од гостионот да се напушти студиото и прекин на емисијата од тие причини, немало досега. Ова на еден начин ги извади на површина за кои што јавноста зборуваше, но и експертите, меѓународните и домашните организации кои што години наназад констатираат дека уредувачките политики во дел од медиумите во земјата не се независни во однос на сопствеништвото“, истакна Сарачини.
Б. Ј.
разговорот го водеше: Дехран Муратов
камера и монтажа: Ариан Мехмети











 
			
 
 

 
 
 
 
