Словенечките пожарникари, утрово заминаа од Берово и ги поздравија со звучна сигнализација Беровчани. Во чест на нив кои неуморно се бореа со огнените јазици кои ја зафатија претходните денови Малешевијата, им беа доделени благодарници од градоначалникот Пекевски, како и македонско вино и скромни подароци, пренесе Фронтлајн објава од Малеш.нет.
Регискиот командир на пожарникарите од Словенија Мочник, за порталот Малеш Нет изрази голема благодарност за гостопримливоста на нашиот народ потенцирајќи дека сите се изненадени позитивно од Малешевци, со нашата грижа спрема нив.
– Вакви добри луѓе никаде не сме виделе, би сакале да останеме уште тука бидејќи се чувствуваме како дома, но не чека нашата следна мисија и мораме да се вратиме. Ветуваме сите дека повторно ќе дојдеме, но овојпат за добро, како туристи.Чувајте си ги прекрасните шуми кои што ги имате и грижете се за нив сите – додаде Мочник.