На првиот ден од Конференцијата на украинските амбасадори 2025, министерот за надворешни работи Андриј Сибига објави започнување акција за собирање средства за купување роботи за спасување за евакуација на ранетиот персонал на фронтот, соопшти украинското МНР.
Иницијативата, насочена кон опремување на украинските единици со копнени роботи за спасување животи, ја започнаа Министерството за надворешни работи на Украина и UNITED24 – платформата за собирање средства основана од претседателот на Украина Володимир Зеленски.
Сите дипломатски мисии на Украина низ целиот свет ќе се приклучат на кампањата, заедно со украинските заедници и меѓународните партнери.
„Украинската дипломатија работи секој ден за зајакнување на нашата одбрана. Систематски постигнуваме конкретни договори со партнерите за системи за воздушна одбрана, опрема, муниција и инвестиции во нашата одбранбена индустрија. Поддршката за одбранбените технологии, вклучително и копнените роботски системи, ќе помогне во зголемувањето на уникатните иновации насочени кон спасување животи. Дипломатијата ја поддржува нашата војска и нашите напори за собирање средства – директен придонес за подобрување на нашите одбранбени способности“, – Андриј Сибига, министер за надворешни работи на Украина.
Компените роботи што се користат на фронтот го намалуваат ризикот за животите на бранителите со извршување задачи во особено опасни и тешко достапни области. Ова не само што ја зголемува оперативната ефикасност, туку помага и во заштитата на украинските војници од непријателски беспилотни летала и артилериски оган.
Ќе се собираат средства за различни модели на роботи, вклучувајќи ги Тарган 300, Волја-Е, ТерМИТ, Ардал 920, Рател Х, Змиј, Бро-1409, Тор 1000/800 и Теслија.
Роботите за евакуација го отстрануваат ранетиот персонал од фронтот без да ги доведат во опасност спасувачките екипи.
Логистичките роботски системи се разновидни платформи кои доставуваат материјали, муниција и опрема до позициите на првата линија. Тие исто така можат да распоредат електронски уреди за војување и системи за далечински видео надзор.
Роботите за деминирање помагаат во извидување, надзор и расчистување на мини. Тие неутрализираат стапици, противпешадиски уреди и противтенковски мини, правејќи ги патеките безбедни за војниците и возилата. Десет роботи Zmiy можат да расчистат до 20 хектари дневно.
Роботските системи на земја станаа суштинско средство во современото војување, намалувајќи го ризикот за човечките животи, а воедно обезбедувајќи ново ниво на технолошка предност на бојното поле.
МНР на Украина побара поддршка на оваа нова акција за собирање средства и помош во спасувањето на животите на украинските бранители.
Линк за донации: https://u24.gov.ua/allies-of-steel
Д. Мишев