• Latest
Фото: Скриншот

(ВИДЕО) Украинската амбасадорка Лариса Дир: 1000 дена Украинците херојски се борат против руските агресори, 1000 дена Украинците ја држат линијата на одбрана, 1000 дена украинската армија ја штити Украина и Европа

November 19, 2024
Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, 32 Конгрес на СДСМ, 7 јуни 2026 (фото извор: СДСМ)

Идеолошко ресетирање во време на проевропска фасада и заробена држава

June 8, 2026

Јазот меѓу проевропската фасада и националистичката реторика на власта

June 7, 2026

Хроника на недовршените процеси, скандалите и ерозијата: Анализи и истражувања што не застаруваат

June 7, 2026
Проф. д-р Оливер Андонов (фото: А. Мехмети/ЦИВИЛ)

Партизаните, идентитетот и ЕУ

June 7, 2026

ТЕЦ Неготино, мазутот и обвиненијата: Што велат официјалните податоци?

June 6, 2026

Путиновата споредба на Зеленски со Рамбо е признание на немоќ и страв

June 6, 2026

Кабинетот на Мицкоски молчи за транзитот на советски ракетни системи вредни 11 милиони евра од Словачка до Уганда во 2025 година

June 5, 2026

Лудачкиот одговор на Путин по отвореното писмо од Зеленски

June 5, 2026
Претседателот на Украина, Володимир Зеленски, 8 мај 2026 (фото извор: Кабинет на Претседателот на Украина)

ДРАМАТИЧЕН ДИПЛОМАТСКИ ПОТЕГ: Зеленски упати ултиматум и мировна понуда до Путин

June 5, 2026

На кои листи ќе нѐ има?

June 4, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home КОНФЛИКТИ ВОЈНА ВО УКРАИНА

(ВИДЕО) Украинската амбасадорка Лариса Дир: 1000 дена Украинците херојски се борат против руските агресори, 1000 дена Украинците ја држат линијата на одбрана, 1000 дена украинската армија ја штити Украина и Европа

November 19, 2024 20:13
in ВОЈНА ВО УКРАИНА, ИЗЈАВИ, СВЕТ
Фото: Скриншот

Фото: Скриншот

Share on FacebookShare on Twitter

Денес е 19 ноември две илјади дваесет и четврта година. На 24 февруари 2022 година, Руската Федерација започна воена агресија од големи размери насочена кон уништување на Украина и Украинците. 1000 дена Украинците херојски се борат против руските агресори, кои се водени од идејата за уништување на украинската државност и нарушување на безбедноста во Европа, нагласува украинската амбасадорка во земјава, Лариса Дир видеото објавено на социјалните мрежи во кое зборува на македонски јазик.

Како што нагласува амбасадорката, за време на целиот овој период, руските трупи вршат брутални воени злосторства, злосторства против човештвото, депортација и насилно преселување на украински деца во рф, ја уништуваат критичната инфраструктура на Украина. Зверствата на руските војници во Буча, Ирпин, Мариупол, секојдневните бомбардирања на цивилното население, стрелањето и мачењето на воените заробеници, незаконската депортација на украински деца – сето ова се злосторства на русите.

Според Дир, Планот за победа на претседателот Володимир Зеленски има многу јасни компоненти: членство на Украина во НАТО, незапирливо зајакнување на нејзината одбрана и мерки на одвраќање на украинска територија кои ќе го принудат рускиот агресор да постигне праведен мир.

Многу ја цениме поддршката на Северна Македонија како членка на НАТО. 1000 дена Украинците ја држат линијата на одбрана. 1000 дена украинската армија ја штити Украина и Европа. Украина е актива за НАТО, вели Дир.

На крајот од видео обраќањето, украинската амбасадорка потенцира дека овие илјада дена се часови и минути на титанска борба и напор, храброст и херојство. Тоа е смелоста и издржливоста на Украинците, зајакнати со воена и финансиска поддршка од партнерите. Украина им е благодарна на сите што ѝ помагаат да се бори. Ние нема да се покориме. Слава на Украина!

М. Д.

Tags: 1000 дена руска агресијавидео обраќањеукраинската амбасадорка Лариса Дир
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ