• Latest
Фото: Скриншот

(ВИДЕО) Во турскиот парламент тепачка поради повик за ослободување на затворен опозициски пратеник

August 16, 2024
Кијивска област, 29 август 2026 (извор: ДСНС)

Руски терор врз Украина: Најмалку 37 загинати и голем број ранети во Кијивска област, 30 часа непрекинат напад врз цивилите

August 29, 2026
Седиште на ВМРО-ДПМНЕ (фото Б. Јордановска/ЦИВИЛ)

До каде се реакциите на ВМРО-ДПМНЕ и ЗНАМ за четничкото дивеење на ДПСМ – или – колку е голема бруката?

August 29, 2026
Рејкјавик (фото извор: hiticeland.com)

Исланд на референдум за обнова на преговорите за членство во ЕУ – што е исто, а што различно од Западен Балкан?

August 29, 2026

Почна втората сезона на Eyes on Democracy: Украина и иднината на Европа (ВИДЕО)

August 28, 2026

СДА Македонија со остра осуда на величењето на воениот злосторник: Дали партнерите на ДПСМ во власта ја делат истата глорификација на воените злосторства на Ратко Младиќ!?

August 28, 2026

Генералот кој умре и продолжува да живее

August 28, 2026
Злосторникот и соучесниците

Смртта на Ратко Младиќ: Крај за еден воен злосторник, но не и за негирањето на вистината

August 28, 2026
Војо Маневски (фото: ЦИВИЛ)

Статистиката не е економска политика, гласање ќе има, ама ќе нема избирање

August 28, 2026

ГРАЃАНСКИ ФОРУМ: Ние прашуваме, тие бегаат од одговори – која е вашата порака до политичарите денеска?

August 28, 2026
Преземено од Unsplash

Компанијата Мета се спогоди за скоро 18 милијарди долари по тужбите дека ги „заробувала“ децата на социјалните мрежи

August 27, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home СВЕТ

(ВИДЕО) Во турскиот парламент тепачка поради повик за ослободување на затворен опозициски пратеник

August 16, 2024 20:32
in ВЕСТИ, СВЕТ
Фото: Скриншот

Фото: Скриншот

Share on FacebookShare on Twitter

Во турскиот Парламент денеска изби тепачка откако еден опозициски пратеник беше нападнат откако го спомна својот колега, Кан Аталај, кој е затворен поради обвиненија за финансирање на антивладини протести и кој подоцна беше избран за пратеник,и повика тој да биде примeн во парламентот, пренесе МИА.

На видео снимката се гледаат пратеници од владејачката Партија на правдата и развојот (АКП) како трчаат да го нападнат пратеникот Ахмет Шик додека зборуваше, додека уште десетици други се приклучуваат на тепачката. Некои пратеници се обидуваат да ја смират ситуацијата.

Кан Аталај беше осуден во 2022 година на 18 години затвор поради наводно организирање на протестите во паркот Гези во 2013 година заедно со Осман Кавала и уште шестмина други. Сите обвинети ги отфрлија обвиненијата.

И покрај затворската казна, Аталај во мај минатата година беше избран за пратеник од Работничката партија на Турција (ТИП). Парламентот првично му го одзеде местото, но на 1 август Уставниот суд го прогласи неговото исклучување за неважечко.

„Не сме изненадени што Кан Аталај го нарекувате терорист, исто како што тоа го правите со сите кои не се на ваша страна. Но најголемите терористи се оние кои седат на овие места“, изјави Шик обраќајќи се кон пратениците од АКП. Заменик-претседателот на парламентот објави пауза од 45 минути по тепачката.

ТИП исто така повика на ослободување на Аталај од затвор.

Во јуни, пратениците на АКП се судрија со пратениците на прокурдската Демократска партија на народите (ДЕМ) поради притворањето и смената на градоначалниците од нивните редови на југот на Турција поради наводни врски со милитантите.

Tags: парламенттурција
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ